Поранешниот претседател на Косово и еден од водачите на Ослободителната војска на Косово Хашим Тачи изјави дека денешната пресуда на Специјалниот суд во Хаг, со која е осуден на 17 месеци затвор за откривање доверливи информации и имиња на заштитени сведоци, е „политика, а не правда“.
Тачи беше прогласен за виновен за обид за попречување на службени лица во вршењето на нивните службени должности, за кршење на тајноста на постапката и за непочитување на судот.
– Ова е политика, а не правда – рече Тачи, како што објавија приштинските медиуми кои присуствуваа на изрекувањето на пресудата.
Соработниците на Тачи, Башки Смакај и Фадиљ Фазљи, се осудени на по 12 месеци затвор за обид за попречување на судот, но тие ќе бидат веднаш слободени, бидејќи веќе ја отслужија казната во притвор.
Петтиот обвинет, Хајредин Кучи, беше осуден за непочитување на судот на условна казна од еден месец затвор со рок од една година, додека Исни Киљај беше ослободен.
Тачи (58) беше осуден затоа што им дал доверливи информации и имиња на шест заштитени сведоци од главниот претрес во кој беше обвинет за воени злосторства на своите соработници кои го посетувале во притворот во Хаг во летото и есента 2023 година, и затоа што преку тие посетители ги упатувал сведоците како да сведочат.
На посебно судење, судот во Хаг на 16 септември судски го осуди Тачи на 25 години затвор за воени злосторства во Косово и во Албанија во 1998 и во 1999 година.
Според денешната пресуда, донесена од судијата поединец Кристофер Госнел, казните на Тачи ќе бидат издржувани една по друга во две одделни постапки, како што побараа обвинителите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
