Background

35 години од првиот Устав на независна Македонија: темелите на државата донесени на 17 ноември 1991 година

На денешен ден, пред 35 години, на 17 ноември 1991 година, Собранието на Република Македонија го донесе првиот Устав на независната македонска држава. Со него беа поставени темелите на нејзиното уставно-правно уредување.

Највисокиот државен акт беше донесен во време на историски промени и распаѓање на југословенската федерација, по референдумот од 8 септември 1991 година, на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Со Уставот Македонија беше дефинирана како суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Беа утврдени основните принципи на парламентарната демократија, поделбата на власта и заштитата на човековите права и слободи, како и институционалната рамка на независната држава. Неговите темели се поврзуваат со вековната борба на македонскиот народ за државност и со традициите на Крушевската Република и АСНОМ.

- Advertisement -
Ad image

На донесувањето на Уставот му претходеше Декларацијата за суверенитет, усвоена од првиот повеќепартиски состав на Собранието на 25 јануари 1991 година. Процесот на осамостојување беше проследен и со политички несогласувања. Дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а пратениците Албанци не го поддржаа новиот Устав.

Меѓународниот субјективитет на државата беше потврден на 8 април 1993 година, кога Македонија беше примена во ОН како 181. членка. Поради противењето на Грција околу уставното име, приемот беше под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Уставот претрпе повеќе измени. Позначајни се амандманите од 2001 година, по Охридскиот рамковен договор, и измените од 2019 година, со кои името на државата стана Република Северна Македонија.

По повод 35-годишнината, денеска во Собранието ќе се одржат панел-дискусии за донесувањето на Уставот и за осамостојувањето на државата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖