Ракетата „Вулкан“ на американската компанија „Јунајтед лонч алајанс“ (УЛА) откажа речиси 10 минути по полетувањето од Флорида, при што беа изгубени 40 сателити на „Амазон“. Неуспешното лансирање се случило вчера од вселенскиот лансирен комплекс 41.
Ракетата требало да ги постави сателитите во ниска орбита околу Земјата, како дел од развојот на сателитската интернет-мрежа на „Амазон“.
Наместо тоа, за време на летот се појавила аномалија што го оневозможила извршувањето на мисијата.
„Врз основа на податоците добиени од нашиот директор за лансирање, можеме да потврдиме дека ракетата ‘Вулкан’, лансирана од комплексот 41, наиде на аномалија 10 минути по полетувањето, што ја оневозможи испораката на сателитите на ‘Амазон’ во орбитата“, соопшти УЛА.
Компанијата е заеднички проект на американските воздухопловни и одбранбени гиганти „Боинг“ и „Локхид Мартин“.
Неуспешното лансирање претставува сериозен удар за ракетата „Вулкан“, која треба да има клучна улога во идните вселенски мисии на компанијата.
Од „Амазон“ соопштија дека инцидентот се случил неодамна и дека сè уште немаат доволно податоци за неговата причина.
„Секој лет обезбедува нови податоци и учиме нешто ново од секоја мисија. Бидејќи инцидентот се случи многу неодамна, сè уште немаме конкретни податоци за да утврдиме што точно се случи“, соопшти компанијата.
Сателитите биле наменети за проширување на интернет-мрежата на „Амазон“ во ниската орбита околу Земјата.
„Вулкан“ е новата водечка ракета на УЛА, компанија основана пред околу две децении.
Со неа се планирани редовни лансирања за потребите на растечките сателитски мрежи, вклучувајќи ја и онаа на „Амазон“.
Tagged as:
РАКЕТАТА СО САТЕЛИТИТЕ НА „АМАЗОН“ ОТКАЖА ПО 10 МИНУТИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
