Background

Со емотивна порака и изрази на длабока тага, Клиничката болница во Тетово се прости од 43-годишната д-р Малтина Ферати, која го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи викендов во Албанија

Со емотивна порака и изрази на длабока тага, Клиничката болница во Тетово се прости од 43-годишната д-р Малтина Ферати, која го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи викендов во Албанија. Нејзината смрт претставува голема загуба за колективот, во кој со години работела посветено како раководителка на Лабораторијата.

Од болницата истакнуваат дека д-р Ферати била посветена на својата професија, одговорна во извршувањето на работните задачи и целосно посветена на пациентите. Покрај стручноста и професионалноста, колегите ќе ја паметат и по нејзината добрина, насмевката, позитивната енергија и подготвеноста секогаш да им помогне на другите.

Нејзиното прерано заминување, како што наведуваат од установата, остава голема празнина меѓу колегите и соработниците, а нејзиниот професионален придонес и спомените што ги оставила ќе продолжат да живеат во историјата на болницата.

- Advertisement -
Ad image

Директниот судир меѓу два автомобила се случи во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер. Загинаа двајца, а петмина се повредени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖