Background

АДВОКАТИ И КОМПАНИИ НАМЕРНО УРИВААТ ТЕНДЕРИ ДА НАПЛАТАТ ПОВЕЌЕ ОД ДРЖАВАТА

Со новиот Закон за јавни набавки се зголемува прагот за директни набавки од 5.000 на 10.000, односно од 10 на 20.000 евра, со цел да се спречат злоупотребите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури од страна на одредени групи, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, нагласувајќи дека ваквите измени се консултирани со меѓународната заедница и имаат за цел да ја зголемат ефикасноста и да ја заштитат државата од неосновани жалби.

Мицкоски ги отфрли тврдењата дека со измените се отвора простор за манипулации, потсетувајќи дека најповолната понуда не секогаш мора да биде и најевтина, што е во согласност со европските принципи.

– Ние имаме адвокатски друштва и компании коишто заработуваат на тоа што свесно се договараат и паѓаат јавни набавки. И тоа токму такви јавни набавки за коишто сега прагот од 5.000 евра е зголемен на 10.000 или од 10.000 на 20.000 евра, за да не се доведеме до ситуација да повеќе плаќаме кон тие коишто свесно ги буткаат јавните набавки или уценуваат, отколку што е големината на самата јавна набавка. Така што, јас точно знам кои се тие експерти и невладини коишто се обидуваат да креираат таква перцепција, но морам да кажам дека не се во право и дека имаме различни мислења и морам и можам да дискутирам, и ова сè е консултирано со меѓународна заедница. Не го правиме ние тоа затоа што сакаме, како што еве вие велите, да заобиколуваме закони и слично. Напротив – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на претходните забелешки од Претседателката за ограничувањето на мандатот на членовите на Комисијата, Мицкоски појасни дека тоа било резултат на ограничен избор на квалификувани експерти во државата во оваа област, но оти контроверзниот член е отстранет со цел да се отстранат какви било сомнежи во јавноста.

– Тоа е наша грешка. Ние тоа го направивме затоа што, за жал, во државава немаме голем избор на експерти коишто се по јавни набавки. Тоа се пет-шест луѓе. Но, во ред, ако е тоа спорно, еве го тргнавме тој член, нема да биде тој член и одиме понатаму, но во државава толку се, пет-шест луѓе се коишто можат да одговорат. Ако не е еден, ќе биде друг, и толкав е бројот на членови на таа комисија. Дај Боже да имаме ние повеќе, да имаме поголем избор за да можеме повеќе луѓе да вклучиме во процесот – рече Мицкоски.

Според него, Бирото за јавни набавки и понатаму останува клучна институција која врши контрола и не дозволува нелегални или наместени тендери.

– Јавната набавка пред да биде објавена, прво Бирото за јавни набавки дава свое мислење и тоа беше така и досега. Не е тоа дека е нешто ново направено и да, не секогаш најевтината понуда и е најповолна понуда. И тоа не е само во нашето законодавство, туку тоа е насекаде во Европа принцип, дека не секогаш најевтината е и најповолна понуда. Така што тука нијансите се семантички, не е нешто во промените, не е нешто суштинско сменето – појасни Мицкоски.

Според Мицкоски, со новото законско решение се спречува овие организирани групи коишто свесно ги обжалуваат тендерите или имаат тенденција да наплатат повеќе од државата или од компанијата, отколку што е вредноста на самата тендерска процедура.

Во однос на тврдењата дека се отвора простор за договори во четири очи, Мицкоски нагласи дека законот тоа не го дозволува и Бирото за јавни набавки тоа нема да го дозволи.

– Мислењето од Бирото за јавни набавки тоа не може да го дозволи. Нити го дозволувало, нити сега ќе го дозволи. Сега, со овој закон само ние тој праг го зголемуваме за да не ни се случи како што досега ни се случуваше свесно овие групи да ги манипулираат процедурите за да наплаќаат од државата и од институциите. Вие имате еве пример еден: градинка којашто објавува тендер за да се сервисираат прозорите. Тоа е 50.000 денари. Некој свесно го бутка тој тендер, свесно го бутка тој тендер, а наплаќа многу повеќе од тие 50.000 денари во процедура. Е тоа не може веќе да се случи. Тоа не може веќе да се случи. Или па ако сака, наместо досегашните 100 евра за жалба, ќе си плати многу повеќе, па да го видам тогаш нека обжалува. Затоа што шпекулираат, тоа не е добро, тоа не е добро за системот – изјави Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖