Шведската климатска активистка Грета Тунберг остро ги критикуваше светските влади поради нивната неактивност во борбата против климатските промени. Говорејќи на климатската конференција COP31 во Анталија, Турција, таа изјави дека планетата не пропаѓа сама од себе – туку дека ја уништуваат луѓето.
„Планетата не умира; таа е убивана, а ние знаеме кој е одговорен“, изјави Тунберг на прес-конференција на која присуствуваа активисти од Непал, Австралија, Палестина и Канада.
Таа додаде дека планетата ја уништуваат токму оние луѓе од кои се очекува да ја заштитат.
„Ја убиваат токму луѓето за кои мислевме дека ќе ни дојдат на помош. Никој не доаѓа да ни помогне“, изјави шведската активистка.
Критикување на владите и укажување на кршењето на човековите права
Тунберг предупреди дека климатската криза не е изолиран проблем; таа е поврзана со војни, кршење на човековите права и растечка закана за основните услови за живот, пренесува „Гардијан“.
„Кога државите и другите институции ги загрозуваат нашите човекови права, наша должност е да се спротивставиме, да преземеме одговорност и да се бориме за правата на сите луѓе“, рече таа.
Заедно со други активисти, таа го критикуваше неуспехот на владите да се справат со климатската криза. Тие, исто така, побараа прекин на турските енергетски испораки за Израел, при што Тунберг посебно се осврна на војната во Газа и страдањето на палестинското население. „Се движиме кон иднина со уште повеќе геноцид и екоцид, во која нашите основни права ќе бидат целосно загрозени, а основните животни потреби ќе станат луксуз“, предупреди таа.
По четири години, повторно на климатската конференција
Тунберг немаше учествувано на климатските конференции на ОН од 2021 година, кога на собирот COP26 во Глазгов ги критикуваше светските лидери за, според неа, празните ветувања и неефективните преговори, што таа ги сумираше со познатата фраза „бла, бла, бла“.
Во меѓувреме, покрај климатските прашања, таа посветуваше сè поголемо внимание и на други општествени и политички прашања, вклучително и на положбата на Палестинците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
