Најмалку три лица загинаа, а неколкумина се повредени откако теренско возило удрило во група улични продавачи и пешаци во близина на влезот на метро-станица во населбата Северен Холивуд, во Лос Анџелес.
Според информациите што ги пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на полициската управа на Лос Анџелес, вчера околу 17:55 часот по локално време, бел теренец удрил во најмалку пет пешаци.
– Возачот исто така е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба – објавила полицијата.
Противпожарната служба на Лос Анџелес соопштила дека три лица починале на местото на несреќата, додека најмалку тројца повредени биле пренесени во блиските болници во критична состојба.
– Околностите на несреќата засега не се познати – соопштиле пожарникарите.
Капетанот на полицијата во Лос Анџелес, Ворнер Кастиљо, изјавил пред новинарите дека возачот бил маж во шеесеттите години. Во тек се тестирања за да се утврди дали во моментот на несреќата бил под дејство на некакви супстанции.
– Срцето ми е скршено поради семејствата на сите настрадани. Ќе продолжиме да објавуваме нови информации како што ќе ги добиваме – напишала градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, во објава на „X“. Таа додала дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните служби за да се утврди причината за инцидентот.
Телевизиската станица „KCBS/KCAL“, локална филијала на Си-ен-ен, објавила дека полицијата бара снимки од безбедносните камери на блиската автобуска станица за да ги истражи причините за несреќата.
По несреќата, противпожарни возила и полициски автомобили ја блокирале раскрсницата.
Tagged as:
ТЕРЕНЕЦ ВЛЕТАЛ ВО ГРУПА ПЕШАЦИ ВО ХОЛИВУД ТРОЈЦА ЗАГИНАА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
