Необичната ситуација се случила во местото Пилпинто, кое се наоѓа во близина на туристичкиот град Куско. Вилбер Медина и неговиот противкандидат Хозе Корнехо освоиле по 236 гласа на локалните избори одржани овој месец, објави „АП“.
Бидејќи ниту еден од кандидатите не успеал да освои повеќе гласови, исходот од изборите бил решен со фрлање паричка.
Вилбер Медина во средата беше прогласен за победник на изборите за градоначалник на Пилпинто, откако паричката падна во негова корист.
Иако е невообичаена, оваа постапка е предвидена со перуанскиот изборен закон, кој дозволува со фрлање паричка да се одлучи кој од кандидатите е победник доколку имаат ист број освоени гласови.
Медина, 40-годишен професор, изјави дека ќе вложи напори за да ја добие довербата на гласачите.
Од друга страна, неговиот противкандидат Хозе Корнехо го прифатил резултатот и именувањето на својот ривал за градоначалник на местото во перуанските Анди.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
