Михаил Окински, напаѓачот кој уби 6 лица на главниот плоштад во полскиот град Краков посетувал интернет-страници посветени на норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик. Ова го откри полскиот министер за правда Валдемар Журек, додека истрагата се обидува да утврди што го поттикнало 24-годишниот Михал Оксински да го изврши нападот.
– Јасно е дека тој посетувал веб-страници посветени на Андерс Брејвик – изјави Журек за Радио Краков.
Министерот оцени дека постојат многу силни индикации за десничарски екстремизам во мотивите на напаѓачот.
Mотивот на напаѓачот уште не е разјаснет. Оксински очина во понеделникот во болница, откако беше ранет од полицијата при интервенцијата за време на масакрот во Краков.
Прашањето за идеолошката заднина на нападот предизвика жестоки реакции во Полска. Министерот за внатрешни работи Марчин Кјервињски уште неколку часа по пукањето изјавил дека напаѓачот бил мотивиран од крајнодесничарска идеологија..
Лидерот на опозициската партија Право и правда, Јарослав Качињски, го нарекол тоа тврдење „очигледна лага“.
Оксински, кој работел во фабрика, во саботата отворил оган од автомобил на историскиот главен плоштад во Краков, едно од најпосетуваните туристички места во Полска. Полицајците возвратиле на огнот и го раниле, а тој починал вчера во болница.
Меѓу шесте жртви има четири жени и двајца мажи. Четворица од загинатите биле полски државјани, додека другите две жртви биле државјани на Велика Британија и на Австрија.
Во собата на Оксински истражителите пронашле жолто знаме со змија и натпис „Не ме газете“. Станува збор за знамето Гадсден, кое потекнува од Американската револуција во 18 век, а подоцна било преземено и од одредени крајнодесничарски групи.
Журек соопшти дека и на работното место на напаѓачот биле пронајдени симболи што би можеле да бидат важни за утврдување на неговите идеолошки мотиви.
Брејвик во јули 2011 година уби 77 лица во Норвешка. Најпрво активираше автомобил-бомба во Осло, при што загинаа осум лица, а потоа на островот Утоја застрела уште 69 луѓе, претежно тинејџери собрани на младински камп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
