Франција го обвини Иран за кибер-нападите на фрижидерите во супермаркетите. Амбасадорот на Иран во оваа земја утрово е повикан на разговори по кибер нападите врз фрижидерите во супермаркетите, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
„Тој беше примен од главниот секретар“, објави министерството.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро вчера ја обвини Иранската револуционерна гарда дека стои зад неодамнешниот кибер напад врз француските фрижидери во супермаркетите, велејќи дека тоа ќе има последици за земјата.
Доказите за ова не се објавени.
Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека побарала меѓународни потерници против лидерот на Шахид Кавех, офанзивна кибер-единица поврзана со Револуционерната гарда, и неговите двајца заменици.
Хакерите ја презедоа контролата врз фрижидерите во стотици супермаркети во Франција кон средината на октомври, зголемувајќи ја температурата на 50 степени Целзиусови, предизвикувајќи пожари и расипување на храна, соопшти француската полиција.
Слични инциденти се случија на почетокот на ноември во десетици продавници во Белгија и Луксембург, како и во Шведска и Естонија.
Tagged as:
офанзивна кибер-единица на Иран Распишана е потерница против лидерот на Шахид Кавех
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
