Поранешниот британски стендап комичар и актер Расел Бренд (51) е осуден на 10,5 години затвор за силување на една жена и сексуални напади врз други три жени.
Судијата Џоел Бенатан при денешното изрекување на пресудата рече дека Бренд покажал „лежерно и арогантно непочитување“ кон секоја жена која би му рекла „не“.
– Пред околу 20 години, Расел Бренд, ти стануваше славен. Беше интелигентен и во очите на многу луѓе забавен и харизматичен. Но, исто така стана и сексуален предатор – наведе судијата Бенатан.
Бренд, познат по своите провокативни настапи и однесување во телевизиските и радиоемисии, како и по неговите борби со зависноста од дрога и алкохол, тврди дека сите негови сексуални врски биле консензуални.
Сепак, порота од 8 мажи и 4 жени го прогласи за виновен за напад врз 4 од шесте жени кои го обвинија. Обвиненијата се однесува
Тој беше ослободен од две обвиненија за силување и едно обвинение за сексуално вознемирување.
Неговите жртви тврдеа дека Бренд ги принудувал на сексуална активност, понекогаш во рок од неколку секунди од нивната прва средба, користејќи ја својата огромна слава, за да ја оствари целта да има секс со 5.000 жени.
Шест жени сведочеа против Бренд, додека поранешниот комичар, кој некогаш беше во брак со Кети Пери, не можеше да убеди ниту еден од неговите познати пријатели или поранешни колеги од шоубизнисот да сведочат во негова одбрана.
Новинари од „Сандеј тајмс“, „Тајмс“ и „Ченел 4 Диспечес“ во септември 2023 година објавија обвинувања од жени кои тврдеа дека биле силувани, сексуално злоупотребени и понижени од Бренд. Потоа уште 4 жени го обвинија, а откако беше обвинет, уште 2 жени пријавија сексуална злоупотреба.
Бренд е во брак со Лора Галахер, ќерка на голферот-победник на „Рајдер купот“, Бернард Галахер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
