Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на Алта банка АД Битола кои имаат платежни сметки во банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари, соопшти Народната банка.
Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика.
„Од денеска, клиентите на банката на шалтерите во Битола, Струмица и во Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврскиА“, соопшти Народна банка.
Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.
„Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на Алта банка. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на банката“, се додава во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
