Патниците на „Рајанер“ кои ќе задоцнат со предавањето на багажот ризикуваат да останат без лет и без поврат на парите. Од утре, 10 ноември, најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија воведува построги рокови за пријавување на аеродромите, објави хрватскиот „Индекс“.
Шалтерите за пријавување и за предавање багаж ќе се затвораат 60 минути пред закажаното полетување, наместо досегашните 40 минути. Промената важи за сите аеродроми на кои работи компанијата.
Тоа значи дека патник со лет закажан во 12 часот мора да го предаде багажот најдоцна до 11 часот. Ако пристигне на шалтерот во 11:10 часот, веќе ќе биде предоцна, иако до полетувањето остануваат уште 50 минути.
Новото правило се однесува на приближно 20% од патниците на „Рајанер“ кои патуваат со багаж што се предава на шалтер.
Останатите 80%, кои се пријавуваат преку интернет и патуваат само со рачен багаж, нема да имаат дополнителни обврски. Тие и понатаму можат директно да се упатат кон безбедносната контрола и портата за качување.
Не се менува ниту рокот за онлајн пријавување, кое останува достапно преку веб-страницата и апликацијата на компанијата до два часа пред полетувањето.
Главниот директор за маркетинг на „Рајанер“, Дара Брејди, објасни дека целта е патниците да имаат повеќе време за безбедносните и пасошките контроли.
– Од вторник, 10 ноември, услугите за оставање багаж на сите аеродроми на „Рајанер“ ќе се затворат 60 минути пред закажаното полетување, во споредба со претходните 40 минути – изјави Брејди.
Според него, промената треба да го намали бројот на патници што доцнат на портите за качување, особено во периодите со најголем метеж.
Компанијата воведува и дополнителни автомати за самостојно предавање багаж, преку кои патниците можат сами да ги означат и да ги остават своите куфери.
„Рајанер“ првпат ја најави мерката во април, а кон крајот на октомври повторно ги потсети патниците дека новиот рок стапува во сила на 10 ноември.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
