Background

Турција не сака нови американски напади и нуди посредништво

Турција не сака нов бран американски напади врз Иран и натамошно вовлекување на регионот во нестабилност, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откривајќи дека својата загриженост лично му ја пренел на американскиот претседател Доналд Трамп во неодамнешните телефонски разговори.

Ердоган зборуваше пред новинарите во претседателскиот авион, на враќање од посетата на Азербејџан. Според информациите објавени од неговиот кабинет, тој посочил дека во последните десет дена трипати телефонски разговарал со Трамп и дека во тие разговори ја отворил и можноста за нова ескалација на војната со Иран.

– Не сакаме да видиме нов бран напади врз Иран и нашиот регион повторно да биде вовлечен во нестабилност. Во секоја прилика нагласуваме дека проблемите можат да се решат преку дијалог и дипломатија. За жал, повторно сме сведоци на негативен развој на настаните. Правиме сè што е во наша моќ да го спречиме тоа – изјави Ердоган.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека Анкара им ставила до знаење на двете страни дека е подготвена да се вклучи во дипломатските напори и да помогне во отворањето пат кон мирно решение.

– Се надеваме дека ќе преовлада разумот и дека нашиот регион ќе се повлече од работ на бездната. Повеќе конфликт значи само повеќе загуби за регионот – порача турскиот претседател.

Ердоган предупреди дека последиците од војната не ги чувствуваат само завојуваните страни, туку и многу поширок простор, од Турција и земјите од Персискиот Залив, преку Ирак и Сирија, до Европа и Азија.

– Цената на војната не ја плаќаат само оние што војуваат. Голем географски простор е погоден од сите овие случувања – рече Ердоган.

Изјавата на Ердоган доаѓа во време на засилени дипломатски контакти за запирање на војната, во кои важна улога има и Катар. Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, денеска треба да се сретне со Трамп во Белата куќа, а предвидена е и средба со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Во меѓувреме, американскиот претседател испраќа различни пораки за можноста од обновување на воените операции. Во интервју за Си-Ен-Ен во неделата, Трамп изјави дека е малку веројатно САД повторно да го нападнат Иран доколку преговорите напредуваат и биде постигнат цврст договор.

Според извештаите на Ројтерс, Иран доставил нов предлог за завршување на конфликтот, но американските претставници засега не гледаат можност за брз договор. Иранскиот предлог предвидува САД да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа, да ги запрат воздушните напади и да ги ублажат санкциите, а Техеран за возврат да ја укине блокадата на Ормускиот Теснец и да овозможи обновување на поморскиот сообраќај.

Иранската дипломатија предлага преговорите да продолжат во рок од два дена, но најспорните прашања, меѓу кои и нуклеарната програма, да бидат предмет на подоцнежна фаза од разговорите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖