Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за продажба на акциите на Алта банката да се случи на крајот на овој месец или на почетокот на следниот.
Мицкоски рече дека истекол тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а во тек е десетдневен рок во кој треба да се даде согласност Народната банка преку аукција да ги отуѓи акциите.
Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи, по што се очекува да биде закажана аукцијата.
Мицкоски рече дека изминатите денови лично бил ангажиран во изнаоѓање решение за банката и очекува нејзино преземање од друга финансиска институција.
-Голем оптимист сум дека ќе имаме финансиска институција, банка, која ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите и за луѓето кои имаат некаква релација со банката – изјави Мицкоски.
Претходно гувернерот Трајко Славески изјави дека по поминување на рокот во кој српскиот регулатор треба да даде согласност за продажба на акциите во битолската филијала на Алта банка, Народна банка со или без согласност планира да ги даде на аукција преку Македонска берза.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
