Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово околу 5:30 часот се случи на автопатот Ниш – Белград, во близина на аеродромот „Никола Тесла“. Во несреќата учествувале камион-цистерна и комбе.
Според информациите на српските медиуми, несреќата се случила на околу два километра од аеродромот, во правец кон Белград. Цистерната излетала од коловозот, ја пробила заштитната ограда и се превртела во канал покрај патот.
Во тешката несреќа повредени се двајца мажи. Едниот, на возраст од околу 40 години, со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Земун, додека 36-годишниот возач на цистерната е пренесен во Ургентниот центар во Белград.
Возачот на цистерната по превртувањето останал заглавен во кабината, од каде што го извлекле пожарникарите-спасители. На местото на несреќата биле испратени две екипи на Итната медицинска помош и противпожарни екипи.
Информацијата за повредените ја потврдиле од белградската Итна помош за новинската агенција Бета, а за несреќата извести и РТС.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
