ДЕБРЦА СЕ ГРАДИ! 8 НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ЕДЕН ЗАЕДНИЧКИ ЦЕЛ – ПОДОБРА ИДНИНА ЗА СИТЕ!
Нема викенд кога се работи за народот и за Дебрца!


Денеска, заедно со претседателот на Советот на Општина Дебрца, сме во посета на повеќе населени места низ нашата општина. Вистинска градежна инвазија — се работи во 8 населени места истовремено! Продолжуваме во исто темпо, ќе стигнеме до секое катче, до секое село во нашата општина, затоа што за нас нема одмор кога се гради за иднината на нашите деца и нашите семејства.
Еве каде сè се работи денеска:

Мешеишта: Директни средби со народот за решавање на долгогодишни проблеми. Машините се на терен, офанзивно се уредува Споменикот на сретселото, а активно се работи и на патот Мешеишта – Волино.

Сливово: Интензивно се расчистува сретселото кај старото училиште, враќаме ред и лик во секое населено место!

Лешани: Во финална фаза е старото училиште кое се претвора во нов колонијален дуќан (мерките за субвенционирање даваат одлични резултати), а добиваме и просторија за занимална за младите.

Лактиње: Завршено е асфалтирањето на новата улица во должина од 90 метри — дела, а не празни зборови!

Требеништа: Целосно го уредуваме училишниот двор! Поставуваме нова заштитна ограда за максимална безбедност на нашите ученици, ново улично осветлување, клупи, нови канти за отпад, а дворот го добива и своето ново хортикултурно уредување.

Оровник: Се работи со полна пареа на реконструкција и проширување на главната улица пред верскиот храм Св. Илија, со нови тротоари и модерно осветлување.

Белчишта: Реконструираме санитарни чворови и две училници во училишната зграда, а завршивме и прочистување на каналот од влезот на селото до општинската зграда во должина од преку 700 метри.

Горенци: Ангажирана е приватна механизација за расчистување на крајпатната вегетација и проширување на банкините за побезбеден сообраќај за сите.
Дебрца се буди и се гради домаќински, чесно и одговорно. Ова е само почеток!