Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската Унија и земја кандидат според договори кои не се од билатерален карактер, туку се усвоени и одобрени на европско ниво, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со одржувањето билатерален дијалог на високо ниво меѓу претставниците на Бугарија и Македонија за процесот на европска интеграција.
– Ова е многу јасен став на Бугарија. Бугарија очекува Република Северна Македонија да биде подготвена да формира политички наратив кој не е насочен против Бугарија – рече Петрова-Чамова.
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера рече дека дијалогот што во моментов се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија. Тој нагласи дека Македонија во овој процес останува на своите јасни и принципиелни позиции.
– Во однос на прашањето со Бугарија, мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментот работиме на дијалог за кој, како што слушнавте од претставниците на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки – изјави Муцунски, прашан за изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека Унијата помага во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.
Еврокомесарката Кос на прес-конференција во Брисел на 4 ноемвр рече дека ЕК прави многу за односите меѓу двете земји, но не кажува сè во врска со тоа.
Премиерот Христијан Мицкоски неодамна предложи претставници од ЕУ да бидат медијатори во дијалогот меѓу Скопје и Софија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
