ТИТАН Усје и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој го зајакнуваат партнерството меѓу академската заедница и индустријата. Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри.
– Поддршката за академската заедница за нас е вложување во идниот развој на индустријата и општеството. Веруваме дека студентите треба да имаат пристап до квалитетна практична настава, соодветна лабораториска опрема и можност да ја запознаат примената на научните знаења во производството. Со овој Меморандум ја потврдуваме нашата определба да го развиваме партнерството со ПМФ и да создаваме подобри можности за учење и професионален развој на младите – истакна Константинос Николаoу, главен извршен директор на ТИТАН Усје.
Деканот на Природно-математичкиот факултет проф. д-р Даворин Трпески и проф. д-р Миха Буклески од Институтот за хемија, ги презентираа плановите на оваа научна институција за развој на науката.
– Унапредувањето на условите за студентите придонесува за поквалитетна настава и отвора нови можности за научни истражувања и иновации, значајни за академската заедница и општеството – истакна деканот на ПМФ, проф. д-р Трпески.
Важен дел од соработката е практичната едукација на студентите преку посети на фабриката, каде непосредно се запознаваат со индустриските процеси, современите технологии и примената на стекнатото знаење во реално работно опкружување.
ТИТАН Усје досега ја поддржа и лабораториската и научната работа на ПМФ, меѓу другото преку опремување лабораторија на Институтот за хемија во 2023 година и набавка на инструмент за образовни и научни активности во 2024 година. Компанијата ги поддржа и 7. Балканска олимпијада по физика во 2025 година и Конгресот на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.
Со потпишувањето на Меморандумот, ТИТАН Усје ја продолжува својата улога на долгорочен партнер на академската заедница, поддржувајќи го знаењето како основа за развој на младите, индустријата и заедницата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
