Background

АКЦИЈА ПРОТИВ ГРУПАТА НА ШТУКА, СЕ СОМНИЧАТ ИЗНУДИ И ЛИХВАРСТВО ВО КУМАНОВО

Голема полициска акција против организирана криминална група утрово се спроведува во Куманово. Засиленото присуство на полициски специјалци на улиците во градот е дел од операцијата на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, насочена кон разоткривање група составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена.

За организатор на групата се сомничи лице со прекар Штука, а во неа, наводно, членуваат и други лица од Куманово.

Сомневањата на истражните органи се дека групата подолг период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени. Нејзините активности, според сознанијата на истрагата, опфаќале изнуда, лихварство, перење пари, како и перење други приноси од казниви дела.

- Advertisement -
Ad image

Во рамките на акцијата се вршат проверки на повеќе локации поврзани со осомничените. Под лупа на истражните органи се и нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со криминалните активности што се предмет на истрагата.

Неофицијално, при досегашните претреси биле пронајдени парични средства, возила и документација.

Акцијата е резултат на подолготрајна оперативно-истражна работа на полициските истражители, спроведена во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Нејзината цел е разоткривање и сузбивање криминални структури за кои постојат сомневања дека подолг период ја загрозувале безбедноста и преку насилство и други криминални активности остварувале противправна материјална корист.

Во пораката што ја испраќаат институциите се нагласува дека нема недопирливи и заштитени поединци или групи.

– Нема простор за создавање митови за недопирливост, ниту за криминални структури кои веруваат дека преку влијание, закани и насилство можат да бидат над законот – велат изворите на Плусинфо.

Полицијата и обвинителството ја потврдуваат определбата законот да важи за сите и да се спроведува без селективност и отстапки.

– Законот важи за сите. А институциите се тука да го спроведуваат, без селективност и без отстапки – порачуваат надлежните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖