Натпреварот меѓу младинските состави на Уберландија и Маморе, во рамките на бразилското првенство Минеиро за фудбалери до 20 години, заврши со сцени какви што ретко се гледаат на фудбалските терени. По масовна пресметка меѓу играчите и претставниците на двата клуба, судијата подели дури 51 црвен картон.
Инцидентот се случил додека домашната екипа Уберландија водела со 3-1. Наместо финишот на натпреварот да помине во знакот на играта и резултатот, ситуацијата ескалирала по провокации од фудбалер на гостинскиот тим Маморе, кој влегол во конфликт со претставниците на домаќините.
Она што најпрво започнало како вербална расправија за кратко време прераснало во масовна физичка пресметка. Во хаосот се вклучиле фудбалерите на двете екипи, но и членовите на стручните штабови и официјалните претставници на клубовите.
Епилогот бил неверојатен – главниот судија покажал вкупно 51 црвен картон. Дури 43 исклучувања биле изречени за фудбалерите на двата тима, додека преостанатите осум им биле доделени на членови на стручните штабови и официјални лица.
Со ваков број исклучувања, натпреварот во младинската конкуренција на бразилското првенство се претвори во еден од најнеобичните фудбалски инциденти, привлекувајќи внимание и надвор од Бразил.
Tagged as:
МАСОВНА ТЕПАЧКА НА ТЕРЕН ПОДЕЛЕН 51 ЦРВЕН КАРТОН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
