Background

СНИМКА ОД ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА

Министерот за транспорт Оскар Пуенте поднесе оставка по судирот на два брзи воза во близина на градот Урда, во централна Шпанија, на 28 октомври, при загинаа 69 луѓе, а околу 200 се повредени.

Премиерот Педро Санчез ја прифати оставката, а министерството привремено ќе го води министерот за економија Карлос Куерпо. Несреќата е втора голема железничка катастрофа во земјата за помалку од една година.

Објавена е снимка на која се гледа несреќата, во која воз на државната железничка компанија „Ренфе“ удри во задниот дел на неподвижен воз на приватниот оператор „Ирио“ на брзата линија Мадрид–Севиља.

- Advertisement -
Ad image

Шпанските власти потврдија дека се идентификувани сите 69 загинати, меѓу кои 54 шпански државјани и 15 странски патници.

Истрагата се фокусира на проблемите со сигнализацијата и одлуката на контролниот центар да му дозволи на возот на „Ренфе“ да продолжи со движење и покрај тоа што другиот воз останал да стои на пругата.

По несреќата следува и сериозна промена во безбедносните протоколи. Шпанската влада одобри пакет помош од 30 милиони евра за жртвите и нивните семејства, вклучувајќи директна финансиска помош и авансни исплати на осигурителните надоместоци. Најавени се и намалување на бројот на возови на линијата Мадрид–Севиља, задолжителна проверка на наредбите од втор контролор при откажување на автоматските системи, нов софтвер за контролата на железничкиот сообраќај и дополнителни мерки за заштита на патниците. Истражителите сè уште работат на утврдување на точната причина за судирот и на евентуалната одговорност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖