Предлог-измените на Законот за семејството, со кои се предлага да се овозможи пристап до информации за потеклото на посвоените лица во определени случаи, се ставени на дневен ред на денешната 25. седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
Со предложените измени, кои ги поднесе пратеничката група на ЗНАМ, се предвидува можност за пристап до одредени информации за посвојувањето, со одлука на стручна комисија и по разгледување на секој случај одделно. Од ЗНАМ посочуваат дека не предлагаат укинување на тајноста на посвојувањата, туку воведување можност за исклучоци во законски утврдена постапка.
Според актуелниот член 123-а од Законот за семејството, податоците за заснованите посвојувања се службена тајна. Системот не дозволуваше никаков исклучок, дури ни кога информациите беа потребни од сериозни медицински причини. Пресвртот се случи откако Европскиот суд за човекови права во 2024 година донесе пресуда во предметот „Митревска против Северна Македонија“. Судот во Стразбур утврди дека домашните институции го прекршиле правото на приватен живот (член 8 од Европската конвенција), бидејќи слепо ја применувале законската забрана без да ги измерат различните интереси.
Новиот предлог-закон не значи дека досиејата стануваат јавни за сите. Тајноста останува основно правило, но се воведуваат јасни исклучоци. Министерот за социјална политика треба да формира Стручна комисија која ќе постапува по сите барања за увид.
Ова тело ќе прави индивидуална проценка за секој конкретен случај. Комисијата ќе мора да најде баланс меѓу правото на посвоеникот да го знае сопствениот идентитет и правото на приватност на биолошките родители и другите засегнати страни. Оваа промена е особено важна за луѓето кои со децении безуспешно се обидуваат да ги најдат своите биолошки корени низ лавиринтите на институциите.
Законот предвидува три конкретни ситуации за отворање на списите. Прво, полнолетниот посвоеник добива право на ограничен увид во својот предмет. Второ, посвоителите на малолетно дете можат да побараат пристап доколку постојат оправдани медицински причини поврзани со здравјето на детето.
Третата ситуација ги опфаќа биолошките сродници. Крвните роднини во прв и втор степен ќе можат да добијат информации од досието, но исклучиво доколку претходно обезбедат изречна согласност од самиот полнолетен посвоеник. Надлежното министерство ќе добие рок од шест месеци од евентуалното усвоојување на измените да ги пропише точните мерки за заштита на личните податоци и начинот на работа на комисијата. За спроведување на овие измени нема да бидат потребни дополнителни средства од државниот буџет.
Tagged as:
ПОСВОЕНИТЕ ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ МОЖНОСТ ДА ГО ДОЗНААТ СВОЕТО ПОТЕКЛО?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
