Демократската партија освои мнозинство во двата дома на Конгресот на САД, нанесувајќи му тежок политички удар на актуелниот претседател Доналд Трамп.
Според проекциите на NBC, демократите ќе освојат дури 255 места во Претставничкиот дом, со што ќе обезбедат комотно мнозинство.
Во Сенатот освоија најмалку 53 места.

Демократската партија се надева и на победа на кандидатката Мери Пелтола на Алјаска, каде што избирачките места се затворија во 7 часот по македонско време.
Со ваквиот изборен резултат, демократите во следните две години ќе имаат целосна контрола врз двата дома на Конгресот. Ќе ги преземат и сите конгресни комисии, вклучително и правосудната, а веќе најавија истраги за коруптивни активности на Трамп и неговите соработници.
За Трамп ова значи губење на поддршката во Конгресот што ја имаше на почетокот на мандатот, пред помалку од две години. Тој веќе најави дека ќе го користи претседателското право на вето за законите што ќе ги усвои новиот состав на Конгресот.
Сепак, демократите ќе мора да почекаат до средината на јануари за официјално да ја преземат контролата, кога новоизбраните членови на двата дома ќе ги преземат своите мандати.
Tagged as:
„синиот бран“ ги однесе и Сенатот и Конгресот Дебакл на Трамп
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
