Николас Кејџ откри дека моментално живее по хотели, откако огромна дупка се отворила во близина на неговата луксузна вила во Малибу. Актерот ја опишал својата ситуација како „по малку бездомничка“, иако станува збор за привремено иселување поради сериозните оштетувања на имотот.
Шеесет и двегодишниот актер зборувал за проблемот во саботата, на настанот „Лос Анџелес комик кон“, кога бил прашан за плановите за Халовин. Објаснил дека поради случувањата со куќата морал да ги промени вообичаените планови.
– Моментално сум малку бездомник. Нешто се случи со мојата куќа во Малибу, па главно живеам по хотели. Затоа вечерва нема да ги имам вообичаените дечиња што доаѓаат по слатки, а во тоа инаку би уживал – рекол Кејџ.
Сепак, актерот планирал да ја однесе својата четиригодишна ќерка Август во Санта Моника, каде што таа требало да учествува во традиционалното собирање слатки од врата до врата. Откако ќе заспие, Кејџ планирал да го гледа хорор-класикот „Сјаење“ на Стенли Кјубрик.
Проблемот започнал на 8 септември, кога земјиштето пред вилата почнало да пропаѓа, а огромна дупка се отворила на местото каде што претходно се наоѓал пристапниот пат до гаражата. Асфалтот и бетонот се урнале, а во провалијата паднале и мобилен тоалет од блиско градилиште и делови од заштитната ограда. Се претпоставува дека пропаѓањето е последица на крајбрежната ерозија, обилните дождови и силните бранови.
Не е загрозен само имотот на Кејџ. Поради проширувањето на оштетувањата и блокирањето на пристапниот пат, градските власти во Малибу прогласиле вкупно 31 имот за небезбеден. Седум куќи биле означени како опасни за живеење, додека за уште 24 пристапот со возила станал небезбеден. Проблемот е особено сериозен бидејќи во случај на пожар или друга итна ситуација, на противпожарните екипи и полицијата им е отежнат пристапот до оваа населба.
Кејџ, сепак, не се откажува од својата вила, чија вредност се проценува на 10,5 милиони долари. Тој побарал неколку градежни дозволи за санација и заштита на имотот. Меѓу одобрените мерки е поставување вреќи со песок покрај плажата и надворешниот дел од куќата, со цел да се намали ударот на брановите и да се забави понатамошната ерозија. Дозволено му е и отстранување на остатоците од асфалтот и подготовка на теренот за поставување потпорни столбови.
Актерот ја купил вилата во 2024 година, а таа се наоѓа непосредно покрај океанот. Сега, додека траат проблемите со земјиштето и пристапниот пат, мора да се снаоѓа со привремено сместување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
