Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги демантираше тврдењата за наводни милионски одливи и перење пари преку „АЛТА банка“ АД Битола кон Србија, нагласувајќи дека станува збор за редовни комерцијални трансакции на клиентите.
Во гостувањето во емисијата „Топ тема“, Славески соопшти дека по 26 октомври годинава, вкупните одливи од банката кон Србија изнесуваат околу 180.000 евра, додека приливите во истиот период се во износ од 16.000 евра.
– Вкупните одливи кон клиенти во Србија изнесуваат 180.000 евра. Повторувам, станува збор за редовни плаќања преку „АЛТА банка“ Битола кон Србија. Ги проверивме трансакциите и станува збор за плаќања поврзани со редовното работење на клиентите на Банката, меѓу кои и мали бизниси во земјава коишто увезуваат стока. Од друга страна, приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат само 16.000 евра. Значи, нема милионски трансфери, нема такви одливи, ниту податоци за перење пари – истакна гувернерот Славески.
Податоците се однесуваат на периодот по завршувањето на изборите во Србија. Од Народната банка порачуваат дека будно ја следат состојбата во „АЛТА банка“ со цел да се заштитат средствата на депонентите и да се зачува стабилноста на целиот банкарски систем.
Tagged as:
СЛАВЕСКИ ДЕМАНТИРА МИЛИОНСКИ ОДЛИВИ ОД АЛТА БАНКА АД БИТОЛА КОН СРБИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
