Парис Џексон побарала од судот во Лос Анџелес да им наложи на управителите на имотот на нејзиниот покоен татко да префрлат 600 милиони долари во семејниот фонд наменет за неа и за нејзините двајца браќа. Таа тврди дека, иако наследството со години остварува огромни приходи, фондот сè уште не е финансиран.
Парис Џексон (28) поднела судско барање на 29 октомври, со кое бара дел од средствата од наследството на Мајкл Џексон да бидат префрлени во „Мајкл Џексон семејниот фонд“. Фондот е наменет за неговите три деца – Парис, Принс (29) и Биги (24), а според нејзините адвокати, повеќе од 17 години по смртта на пејачот, тој сè уште не ги добил предвидените средства.
Според желбата на Мајкл, децата требало да почнат да добиваат приходи од своите удели кога ќе наполнат 21 година. Исплатата на делови од главнината била предвидена на 30, 35 и 40 години. Парис, меѓутоа, тврди дека ова не се спроведува како што замислил нејзиниот татко и дека таа и браќата зависат од одлуките на управителот на наследството, Џон Бранка.
Адвокатите на Парис тврдат дека наследството располага со доволно пари за да се изврши исплатата. Како аргумент ги наведуваат големите деловни зделки и продажбата на имотот на пејачот. Меѓу нив се продажбата на уделот во издавачката куќа „ЕМИ мјузик паблишинг“ за 287,5 милиони долари во 2018 година, продажбата на ранчот Неверленд за 22 милиони долари во 2020 година и договорот со „Сони“ од 2023 година.
Според финансиските извештаи, на крајот на 2024 година наследството располагало со околу 850 милиони долари во готовина и ликвидни средства. Парис смета дека, по покривањето на потенцијалните обврски, околу 600 милиони долари можат да бидат префрлени во семејниот фонд.
Од друга страна, претставниците на наследството ги отфрлаат нејзините обвинувања. Тие објаснуваат дека фондовите не можат целосно да се финансираат додека не се решат неколку правни пречки, особено спорот со американската даночна служба (ИРС), која претходно барала 700 милиони долари за даноци и казни. Од наследството тврдат и дека повеќе од 200 милиони долари веќе биле исплатени или потрошени во корист на Парис и другите наследници.
Парис, пак, смета дека можело да се изврши барем делумна исплата многу порано и дека управителот Џон Бранка имал можност и обврска да го направи тоа. Таа бара судот да наложи префрлање на 600 милиони долари или на друга сума што ќе ја утврди судијата, како и да ѝ бидат надоместени трошоците за адвокатите.
Судското рочиште на кое ќе се разгледува нејзиното барање е закажано за 4 декември. Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година, на 50-годишна возраст, а неговото наследство оттогаш се најде во повеќе правни и финансиски спорови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
