Рускиот милијардер Роман Абрамович (60) повторно го привлече вниманието со својот љубовен живот, откако бил забележан во друштво на украинската манекенка Наталија Готциј (42) на Меѓународниот фестивал на уметност во Баку, Азербејџан. За нивната романса се шпекулира од 2023 година, но ниту еден од нив досега јавно не ја потврдил врската.
Готциј е родена на 10 јули 1984 година во Киев. Пораснала во скромно семејство, а нејзиното детство било обележано со семејно насилство. Според нејзините сведоштва, татко ѝ бил насилен кон сопругата и децата. Родителите се разделиле, а кога Наталија имала 12 години, мајка ѝ се преселила со децата. Следувале финансиски тешкотии, но и помирен семеен живот.
Манекенската кариера ја започнала на 13 години, а големиот пробив го направила со победата на меѓународниот натпревар „Форд супермодел на светот“. Потоа работела за познати модни куќи и се појавувала во меѓународни списанија.
Но, притисокот на модната индустрија оставил сериозни последици врз нејзиното здравје. Готциј се соочила со анорексија и булимија, а при висина од 181 сантиметар тежела само 46 килограми.
Фотографиите од нејзиното појавување на ревијата на Гај Ларош во 2007 година предизвикале голема полемика за екстремната слабост на манекенките. Таа изгубила дел од договорите и се вратила дома за да се посвети на закрепнувањето.
Подоцна повторно работела како модел, го водела реалното шоу „Подиум“ и започнала сопствен канал на Јутјуб, каде што споделува лични искуства.
Готциј била во брак со бизнисменот Руслан Нижник, со кого ги има синовите Спартак и Тамерлан. Двојката се разделила, се обидела да ја обнови врската, но по раѓањето на вториот син во 2013 година следувала конечна разделба.
Медиумите ја поврзувале и со Андреј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“, во чиј спот за песната „Империите ќе паднат“ се појавила и самата манекенка.
Гласините за врска со Абрамович започнале во летото 2023 година. Рускиот милијардер претходно беше во брак со дизајнерката Даша Жукова, од која се раздели во 2017 година.
Заедничкото појавување на Абрамович и Готциј во Баку сега повторно ги поттикна шпекулациите, иако двајцата и понатаму молчат за природата на нивниот однос.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
