Background

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ТЕЖИ 440,4 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2027 година, со кој ги поставуваме фискалните рамки и развојните приоритети за наредната година. Основната цел е да обезбедиме стабилни и одржливи јавни финансии, да продолжиме со постепена фискална консолидација, но истовремено да создадеме услови за економски раст, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните – изјави денеска на прес-конференција во Владата министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска истакна дека Буџетот за 2027 година го подготвиле во услови на неизвесно меѓународно економско опкружување и екстерни ризици, поради што посебно внимание посветиле на реалноста на проекциите, одржливоста на расходите и ефикасното користење на јавните средства.

– Предлог Буџетот за 2027 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе споредено со 2026 година, додека вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто споредено со 2026 година – рече министерката.

- Advertisement -
Ad image

Таа истакна дека буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година.

– Ова значи дека остануваме на определбата на постепена фискална консолидација, со јасна цел за намалување на буџетскиот дефицит и стабилизирање на јавниот долг, без притоа да се откажеме од развојните приоритети – рече министерката.

Таа подвлече дека особено значаен сегмент на Буџетот за 2027 година се капиталните инвестиции.

– За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Нашата определба е овие средства да бидат насочени кон проекти кои создаваат долгорочна вредност, ја подобруваат инфраструктурата и придонесуваат за поквалитетни јавни услуги – истакна таа.

На приходната страна, посочи Димитриеска Кочоска, даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти.

– Даночната политика ќе остане предвидлива, со фокус на унапредување на наплатата, намалување на даночната евазија и дигитализација на даночните процеси. Со Буџетот во 2027 обезбедуваме редовно и непречено финансирање на сите законски и договорни обврски на државата – истакна таа.

Министерката посочи дека со Буџетот се обезбедуваат средства за раст на плати во јавниот сектор, повеќе пари за исполнување на обврските што произлегуваат од членството на државата во НАТО, при што за одбраната се планирани средства во висина од 2 отсто од БДП за зајакнувањето на одбранбените капацитети, модернизацијата и опремувањето на Армијата.

– Во 2027 година, покрај финансирањето на буџетскиот дефицит кој е проектиран на 45 милијарди денари, државата има обврски и за сервисирање на долгот во износ од 124,6 милијарди денари. Од вкупните обврски за отплата 46,5 милјарди денари се за надворешен долг – истакна министерката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖