Background

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА

Годишно, на 100.000 жители има од 200 до 300 граѓани со мозочен удар, што нè става некаде на врвот на статистиките. Последните две години тој број малку е зголемен. За жал, има и помлади пациенти. Имавме пациентка на 16-годишна возраст, што треба да нè алармира дека навистина треба да се внимава и дека секој може, всушност, да добие ваква состојба, односно болест, која навистина е сериозна, изјави денеска директорот на Универзитетската клиника за неврологија, д-р Јован Божиновски, на одбележувањето на 29 Октомври, Светскиот ден на мозочниот удар.

Тој појаснува дека пациенти со мозочен удар има од сите возрасти, а доминираат оние со над 50 години и тие што имаат нерегулирани ризик-фактори.

Мал е бројот на пациенти што примаат тромболитична терапија. Годишно на Клиниката стотина пациенти примаат таква терапија, а тој број, според него, би требало да биде многу поголем.

- Advertisement -
Ad image

– Таква терапија се аплицира уште во две-три установи во државата, меѓутоа таа бројка сепак е мала според бројот на пациенти што добиваат мозочен удар кај нас. Тоа е така затоа што пациентите доаѓаат многу доцна, доаѓаат по неколку часа кога тие терапевтски прозорци веќе се пробиени и се апсолутна контраиндикација да се даде некаква специфична терапија, а дел е затоа што некои од пациентите, поради одредени тешкотии, не може да стигнат можеби навреме и пристигнуваат подоцна – додаде д-р Божиновски.

Тој рече дека годинава спровеле поширока акција, која опфатила повеќе центри во државата и се одвивала во неколку дена. Теренски активности се спроведени и во Тетово, Штип, Охрид и во Кочани.

– Во акцијата на Клиниката пред платото на плоштадот Македонија беа прегледани 174 пациенти, од кои кај 39 проценти се утврдени ризик-фактори, како зголемен крвен притисок, шеќер и маснотии. Вчера се одвиваше отворен ден на Клиниката, каде што граѓаните можеа да направат бесплатен доплер на каротидите. На 74-годишен пациент, по дијагностиката, утврдена му е високостепена стеноза на обете каротидни артерии и тој веднаш е примен за дополнителни иследувања и евентуален натамошен третман. Ова е асимптоматски пациент, а со висок ризик да добие мозочен удар, што би бил фатален. Вчера, 160 пациенти беа прегледани, кај 40 проценти од нив е најден некаков сигнификантен наод. Земен е контакт од нив и тие следната недела ќе бидат повикувани на Клиниката за дополнителни иследувања – истакна д-р Божиновски.

На одбележувањето на Светскиот ден на мозочниот удар присуствуваше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека ако се подобри здравствената заштита од превенција до терциерно ниво ќе се продолжи животниот век. Најголем негативен контрибутор на скратување на животниот век се кардиоваскуларните и цереброваскуларните инциденти, односно срцевите и мозочните удари.

– Македонија, како и Западен Балкан, има двапати поголема предвремена смртност. Предвремена смртност е луѓето што ќе починат меѓу 30-та и 70-та година, и главни контрибутори се срцевите и мозочните удари. Превенцијата и третманот на мозочниот удар е релативно комплицирана операција бидејќи времето за реагирање е од еден до четири часа максимум. Тоа бара активна радиодијагностика и можност за терапија веднаш. Оваа акција за свесноста и за превенцијата е само еден чекор и се надеваме дека многу брзо ќе седнеме со Клиниката како лидер во таа област, да ги направиме патеките на движење на луѓето со мозочен удар за да спасиме што повеќе животи и да намалиме што повеќе инвалидност. Мозочните удари се водечка причина и за инвалидност на пациентите и има многу животни и здравствени причини поради кои треба да посветиме многу поголемо внимание на оваа точка – рече Клековски.

Тој изрази задоволство што Клиниката за неврологија успеала да отвори теми кои се многу значајни за Македонија, а Неврологијата е една од најкомплексните состојби покрај цереброваскуларните и невролошките.

Клековски ја поздрави децентрализацијата на терапијата со мултиплекс склероза, која започна со ГОБ „8 Септември“, болниците во Охрид и во Штип, а се прават чекори за вклучување и на Тетово, Прилеп и Струмица.

Тој најави дека најверојатно следната недела, ќе присуствува на настан каде ќе може да се означи одреден напредок и во однос на Паркинсоновата и во Алцхајмеровата болест, низ соработка со Клиничкиот центар во Љубљана.

Министерот ја пофали Клиниката за неврологија и раководството за сè што работат, бидејќи, како што рече, се покажало дека во постоечките финансиски рамки, со многу добра волја и многу напорна работа, може да се направи разлика.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на мозочниот удар денеска на Медицинскиот факултет се одржаа стручни предавања за новостите околу третманот на болеста и можностите кои ги нуди државата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖