За време на гостувањето во емисијата „The Graham Norton Show“, принцот од Велс се присетил на средбата со Свифт и Келси зад сцената на концертот на пејачката на стадионот „Вембли“ во Лондон, во јуни 2024 година. Вилијам тогаш го прославувал својот 42. роденден со постарите деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, а средбата завршила со заедничко фотографирање.
– Се обидував да го тргнам од фотографијата. Тревис постојано се враќаше, а јас не можев да разберам зошто постојано се враќа – раскажал Вилијам низ смеа. Тој сакал фотографија само со Тејлор и децата, не сфаќајќи дека Келси има посебна причина да биде покрај пејачката.
Кога Свифт ја објави фотографијата на Инстаграм, таа стана особено важна за нејзините обожаватели. Тоа беше првата фотографија што пејачката ја сподели на својот профил на која позира заедно со Келси, со што нивната врска за првпат доби ваква јавна потврда на нејзините социјални мрежи.
Вилијам признал дека во тој момент не ја разбирал важноста на фотографијата и дека за нејзиното значење дознал дури неодамна. Водителот Греам Нортон му објаснил дека токму тогаш Свифт и Келси практично ја направиле својата врска официјална пред јавноста, на што принцот одговорил дека очигледно е така.
Тревис Келси пак, со хумор реагираше на признанието на принцот Вилијам дека се обидувал да го тргне од познатото селфи со Тејлор Свифт и неговите деца. Фудбалската ѕвезда се пошегува дека во тоа време бил само дечко на пејачката, па идниот британски крал можеби не бил сигурен дали нивната врска ќе трае.
– Го разбирам, човеку. Мислам дека сите го разбираме – вели Келси во епизодата на подкастот „New Heights“ објавена на 28 октомври, разговарајќи со брат му Џејсон.
– Тогаш ѝ бев само дечко. Сè уште не ѝ бев сопруг. Не знаеме дали ова ќе потрае, па подобро тргни се настрана за да можеме да ја зачуваме фотографијата засекогаш – се пошегува тој, замислувајќи што можеби си мислел Вилијам во тој момент.
– Се надевам дека нема да тргне наопаку. Инаку, фотографијата нема да биде толку добра – се пошегува Тревис кој и претходно со воодушевување зборувал за средбата со Вилијам и неговите деца. Во меѓувреме, неговата врска со Свифт прерасна во брак – двојката се венча на 3 јули 2026 година во Њујорк.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
