Background

Најмалку 64 мртви во Шпанија, човечка грешка е причина за несреќата

Најмалку 64 луѓе загинале, а над 80 се повредени во судирот на два брзи патнички воза во централна Шпанија. Билансот го соопштија регионалните власти, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи спасувачките екипи сè уште работат на најтешко оштетените делови од возовите.

Од повредените, околу 50 лица имаат повреди со различен степен на сериозност, а 30 се полесно повредени.

Меѓу загинатите е и поранешната шпанска министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез, која беше на функција од 2011 до 2018 година.

- Advertisement -
Ad image

 

Несреќата се случи утринава, нешто пред 9 часот, во близина на Урда, во провинцијата Толедо, на брзата железничка линија што го поврзува Мадрид со Андалузија. Во судирот учествувале воз на државната компанија „Ренфе“ и воз на приватниот оператор „Ирио“. Во двата воза имало вкупно 544 патници, меѓу кои и едно бебе.

Брзиот воз AVE на компанијата „Ренфе“ кој  развива брзина до 300 километри на час удрил во другиот воз кој стоел на пругата.

Министерство за транспорт идентификуваше човечката грешка како водечка хипотеза и главна причина за катастрофата.

Според шпанските медиуми, фаталниот пропуст се случил за време на поправка на дефект во сигналниот систем. Претходно откажал автоматскиот безбедносен систем, по што повеќе возови во областа запреле и сообраќајот продолжил под рачна контрола. Техничар од јавниот железнички оператор „Адиф“ работел на поправка на дефект во главната сигнализација и не успеал да го предупреди брзиот воз AVE за присуството на друг воз.

Според првичната хипотеза на Цивилната гарда, двата воза претходно стоеле на пругата, по што диспечерот дал наредба AVE да се движи, без да го информира машиновозачот дека запрениот воз на „Ирио“ е сè уште пред него. Брзиот воз удрил во задниот дел од запрениот воз, а изјавите на преживеаните укажуваат на многу силен удар.

Точната брзина на возот во моментот на ударот во другиот воз сè уште не е позната, затоа што истражителите сè уште не извлекле податоци од црните кутии и од телеметријата.

 

По ударот два вагона излетале од шините, а делови од композицијата се урнале по насипот покрај железничката линија. Ударот предизвика големи оштетувања, поради што спасувачите работат во тешки услови за да стигнат до патниците.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е шокиран од тешката железничка несреќа и дека е во постојан контакт со министерот за транспорт и со претседателот на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Тој порача дека службите за итни случаи работат на терен за да им помогнат на повредените и да ја гарантираат нивната безбедност, упатувајќи поддршка до жртвите и нивните семејства. Санчез ги откажа планираните активности за денеска.

 

Министерката за здравство Моника Гарсија предупреди дека станува збор за удар со голема сила и дека се стравува оти несреќата ќе се претвори во голема трагедија. Повредените се пренесуваат во болниците во регионот, а медицинските служби ги координираат приемот и лекувањето. Регионалните власти го активираа планот за вонредни состојби, а ангажирана е и војската за дополнителна помош на терен.

 

Железничкиот оператор „Адиф“ соопшти дека сообраќајот на брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија е прекинат.

Поради несреќата шпанската фудбалска федерација ги одложи сите денешни натпревари од Купот на кралот како знак на „почит и солидарност“ со жртвите од сериозната железничка несреќа.

Ова е втора голема смртоносна железничка несреќа во Шпанија годинава. Во јануари, во судир на возови во близина на Адамус, во провинцијата Кордоба, загинаа 46 лица, а повеќе од 120 беа повредени. Новата трагедија повторно го отвора прашањето за безбедноста на железничката инфраструктура во земјата. Истрагата треба да утврди што точно довело до денешниот судир и дали станува збор за технички дефект, човечка грешка или комбинација од фактори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖