Background

ДО 10.000 ЕВРА КАЗНА ЗА НАПРАВЕНА ШТЕТА ВО ДЕМОНСТРАЦИИ ВО ФРАНЦИЈА

Францускиот Сенат денеска усвои закон со кој се воведува финансиска одговорност за направена штета за време на демонстрации со немири, објави француската телевизија France 24 (France24).

Законот е испратен до Националното собрание на Франција за понатамошна постапка.

Според законот, казните можат да бидат до 10.000 евра, а предвидена е и можност за конфискација на социјални бенефиции.

- Advertisement -
Ad image

Законот е дизајниран како одговор на немирите што следеа по победата на Пари Сен Жермен над Арсенал во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во мај.

Но, тој доби на важност по неколкунеделните протести поради нееднаквоста и вртоглавото зголемување на цените, кои кулминираа на 17 октомври во еден од најлошите бранови на насилство во Франција во последните години, со илјадници оштетени и ограбени продавници низ целата земја.

Сенатот ја усвои проширената верзија на законот со 229 гласа „за“ и 105 „против“, со поддршка на алијансата на десницата и центарот, која има мнозинство.

Предлогот беше доставен до долниот дом на францускиот парламент за дискусија и гласање.

Лидерката на крајната десница, Марин Ле Пен, која според анкетите на јавното мислење е фаворит на претседателските избори следната пролет, го поддржа законот.

Зборувајќи во парламентот, министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез ја нагласи „итноста“ од реагирање на штетите и сцените на хаос забележани на 17 октомври.

– Повеќе не можеме да дозволиме огромното мнозинство од нашите сограѓани да ја плаќаат цената за малцинство вандали – рече Нуњез.

Предлог-законот воведува заедничка финансиска одговорност за секој за кој ќе се утврди дека „свесно учествувал“ во група формирана со намера да изврши вандализам.

Ова би важело и за лица кои доброволно продолжиле да учествуваат во собир што веројатно ќе го наруши јавниот ред, дури и по две полициски предупредувања за растурање.

Предлог-законот, исто така, содржи одредба што овозможува конфискација на социјални бенефиции и помош за домување за покривање на трошоците за штета, а беше силно критикуван од левичарските партии и организации за заштита на правата.

За време на второто читање, сенаторите ја заострија оваа одредба, вклучувајќи и други форми на социјална помош, како што се семејниот додаток, помошта за децата што одат на училиште и бонусот за вработување.

Левичарските пратеници ја обвинија владата за авторитативен пресврт на штета на слободата за организирање протести.

Организацијата „Амнести Интернешнл“ ја повика владата да го отфрли предложениот закон, предупредувајќи дека овие мерки би можеле „да ги турнат веќе маргинализираните семејства уште подлабоко во сиромаштија“.

– Доколку се усвои, овој закон би претставувал длабоко регресивен чекор. Одземањето на семејните додатоци, надоместоците за домување или активниот солидарен приход би можело да има катастрофални последици за некои од најранливите луѓе – изјави Натали Годар од француската филијала на „Амнести“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖