Background

Радикален план на АфД за одземање на моќта на ЕУ и јакнење на нациите

Германската десничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) подготви нов, обемен стратегиски документ со наслов „Суверени нации, заедничка Европа“, кој содржи радикален план за демонтирање на Европската Унија каква што ја знаеме денес. Текстот претставува досега најсериозен и најконкретен обид на партијата да ги редефинира односите меѓу Берлин и Брисел. Во него јасно се нагласува дека доколку европските институции одбијат суштински да ги намалат своите овластувања, крајниот чекор ќе биде организирање референдум за „Декзит“ – излегување на Германија од ЕУ.

Што содржи документот?

Документот, кој беше неодамна претставен во Европскиот парламент од страна на копретседателката на АфД, Алис Вајдел, се залага за укинување на наднационалниот карактер на ЕУ и нејзино враќање кон лабава конфедерација на независни држави. Според визијата на германската десница, сегашната структура на Унијата е „недемократска, премногу бирократизирана и го загрозува националниот суверенитет“ на нејзините членки.

– ЕУ повеќе не е заедница на суверени држави. Одлуките мора повторно да ги донесуваат националните парламенти и влади – изјави Вајдел во Европскиот парламент во Стразбур.

- Advertisement -
Ad image

Сржта на планот на АфД се фокусира на радикално реструктуирање на клучните европски институции, при што прва на удар е Европската комисија. Партијата бара на Комисијата целосно да ѝ се одземе правото да предлага закони, со што таа би се свела на обично административно секретаријатство без никаква реална политичка моќ.

Покрај тоа, планот предвидува укинување на директните избори за Европскиот парламент. Наместо граѓаните на ЕУ да ги избираат своите претставници на секои пет години, документот предлага европратениците да бидат делегирани директно од националните парламенти на државите, со цел да се зајакне контролата на националните метрополи врз Брисел.

Најголемиот правен потрес што го содржи овој документ е барањето за супремација на националното право над европското законодавство. АфД предлага укинување на Европскиот суд на правдата во неговата сегашна форма и негова замена со т.н. „арбитражен трибунал“, што практично би го означило крајот на единствениот правен поредок на ЕУ.

На економски план, стратегијата на германската десница се залага за напуштање на заедничката валута – еврото – и враќање на германската марка, како и за драстично кратење на германските придонеси во буџетот на ЕУ. Партијата смета дека Германија е економски експлоатирана како најголем нето-плаќач во заедничката каса на Унијата.

Сериозна паника во Брисел

Објавувањето на овој документ предизвика сериозна паника и аларм во Брисел, каде европските дипломати и функционери со страв гледаат на потенцијалното спроведување на овие мерки. Стравовите не се поврзани само со реториката, туку со фактот што АфД во моментов ужива рекордно висока поддршка во анкетите на јавното мислење во Германија, водејќи пред традиционалните партии.

Европските институции се плашат дека стратегијата на АфД овојпат не е само површен популистички слоган, туку добро осмислен план за „минирање на системот одвнатре“. За разлика од Брегзит, каде Велика Британија едноставно реши да си замине, за новата тактика на Вајдел во Брисел смеаат дека користи уцени: поставување на неостварливи барања кои, кога ќе бидат одбиени, ќе послужат како совршен легитимен изговор пред германските гласачи за итно распишување референдум.

Неименуван европски функционер ја нарече Вајгел „Алиса во земјата на чудата“ коментирајќи ги наводите во документот.

Брисел подготвува контрамерки

Доколку Германија – како најголема економија и политички мотор на Унијата – тргне по овој пат, Брисел стравува од целосен колапс на заедничкиот пазар. Без слободниот проток на стоки, луѓе и капитал под заеднички правила, европскиот економски модел би претрпел штети од историски пропорции, кои би довеле до затворање на милиони работни места ширум континентот.

Постои и огромен страв од геополитичка дестабилизација и блокада на носењето одлуки. Брисел е загрижен дека АфД, доколку дојде на власт или наметне силно влијание, целосно ќе ги блокира клучните политики на ЕУ како што се безбедносната поддршка за Украина, процесот на проширување кон Западен Балкан и заедничката одбранбена стратегија на блокот.

Иако анкетите покажуваат дека 82 проценти од Германците сè уште сакаат да останат во ЕУ, АфД се надева дека притисокот би можел да ги принуди европските институции да попуштат.

Зборувајќи во Стразбур, Вајдел тврдеше дека Брисел буквално ја ограбува Германија и повика на итно прекинување на европската помош за Украина, барајќи мировните преговори да им се остават на САД, Русија и на Кина.

Како одговор на ваквите закани, во Брисел веќе се координираат контрамерки, вклучувајќи го и активирањето на т.н. „Европски штит за демократија“ и обиди за финансиско блокирање на европската пратеничка група на АфД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖