Несекојдневен инцидент се случил на стадионот „Хафенштрасе“ во Есен пред синоќешниот натпревар од второто коло на Купот на Германија помеѓу Рот-Вајс Есен и Лајпциг (1-2).
Како што јавија локалните медиуми, непознати лица го забетонирале влезот за гостинските навивачи, со порака „Биковите мора да останат надвор“.
Бетонот бил истурен во дрвената рамка што ги поврзува двете влезни врати, спречувајќи ги да се отворат, се вели во извештајот.
Организаторите на натпреварот веднаш ангажирале локална градежна компанија за да го решат проблемот. Досега нема информации за приведени лица.
„Тоа беше кратка непријатност. Проблемот беше решен во рок од два часа, изјави“ портпаролот на клубот за локалните медиуми.
Околу 500 навивачи на Лајпциг присуствувале на натпреварот во кој бундеслигашот со пресврт го совлада домашниот третолигашот Рот-Вајс Есен со 2-1.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
