Background

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада

Ивица Дачиќ, заменик-премиер и министер за внатрешни работи (во технички мандат), изјави дека синоќа, 15 минути по полноќ, во Белград се случил терористички напад насочен кон припадник на Жандармеријата, кој вршел обезбедување на Амбасадата на Израел. По инцидентот, издадена е наредба за подигнување на степенот на терористичка закана на највисоко ниво, како и за зголемување на присуството на полицијата на клучните локации.

„Малолетно лице – чиј идентитет сè уште не е утврден, но постои основано сомневање дека е од Шабац – нападна припадник на Жандармеријата со два ножа, извикувајќи ’Алаху Акбар‘“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека припадникот на Жандармеријата го неутрализирал напаѓачот во самоодбрана, при што се здобил со полесна повреда – исеченица на лицето – нанесена од еден од ножевите користени во нападот.

- Advertisement -
Ad image

„Во тек е истрага, а подетални информации ќе бидат достапни подоцна. Со оглед на тоа што овој терористички напад се случи на наша територија, го подигнав степенот на терористичка закана на највисоко можно ниво – ’црвено‘ ниво“, појасни Дачиќ.

Тој прецизираше дека тоа подразбира засилен надзор и зголемено полициско присуство на локации од посебно безбедносно значење, вклучително и инфраструктурни објекти и места каде што се собираат голем број граѓани.

– Сакам да повторам дека за време на терористичкиот напад, припадник на Жандармеријата – кој ја обезбедуваше Амбасадата на Израел и го неутрализираше напаѓачот – се здоби со полесни повреди. Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашите безбедносни служби го следеле и познато е дека бил поддржувач на ’Исламската држава‘. На својот профил на Инстаграм тој имал истакнато црно знаме и амблем на ’Исламската држава‘, рече Дачиќ.

Дачиќ додаде дека тој, во придружба на директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој е во добра состојба и се очекува подоцна денеска да биде пуштен на домашно лекување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖