Background

ПРОСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ПОЕВТИНА ЗА 358 ДЕНАРИ ВО СЕПТЕМВРИ

Просечната потрошувачка кошница за четиричлено домаќинство во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари помалку во однос на август, но за 1.736 денари повеќе споредено со јануари, информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој информира дека на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС) се разговарало и за можните измени поврзани со неработните денови, работата во недела и плаќањето по работен час, но не биле доставени конкретни предлози.

Дурмиши по седницата на ЕСС изјави дека пресметката на Министерството за потрошувачката кошница има за цел да обезбеди транспарентна и статистички заснована слика за трошоците.

- Advertisement -
Ad image

Тој ја објасни и методологијата на пресметка  која опфаќа 11 категории и 101 прехранбен производ, при што се користат податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, податоци од 23 пазари за овошје и зеленчук, како и цени од пет големи и три регионални трговски синџири.

Како што истакна министерот, најголемите разлики се забележуваат кај храната и пијалаците, облеката и обувките, образованието, домувањето и комуналните трошоци, додека во категориите како одржувањето на домаќинството, рекреацијата и културата, пресметката на Министерството е повисока.

Во однос на инспекциските надзори, Дурмиши потенцираше дека досегашните редовни контроли на Пазарниот инспекторат не откриле зголемување на трговските маржи.

Одговарајќи на прашање за барањата на синдикатите за минималната плата, министерот нагласи дека таа тема не била на дневен ред овој месец, но најави дека по Нова година, со поддршка од ЕУ во рамките на Реформската агенда, ќе започне изработка и на минимална кошница, како и посебни кошници за студенти, пензионери и различни типови домаќинства.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески, порача дека синдикатите се едногласни против барањата на работодавачите за скратување на празниците.

Во врска со пресметката на потрошувачката кошница, тој укажа дека во неа мора да биде вклучен и трошокот за кирија.

– Во делот на киријата, таа треба да биде вклучена. Знаете, особено кога ја отвораме и таа тема, за нас веќе е несфатливо ова што се случува со кириите и станбениот простор во Македонија. Тука мора да се преземат конкретни чекори, бидејќи состојбата, особено со младите во државата, е многу тешка. Сите ние имаме деца, знаеме како е, а и вие сте млади. Многу е тешко во денешно време да се дојде до сопствен стан. Мора да му се стави крај на ова лудило – рече претседателот на КСОМ.

Тој додаде дека остануваат отворени и прашањата за Законот за работните односи, временските вработувања и злоупотребите со откази пред истекот на договорите со цел да се избегне исплатата на регресот за годишен одмор (К-15).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖