Им благодарам на пратениците што ја поднесоа интерпелацијата, со што ми дадоа можност да ја претставам нашата работа, но барам подносителите да преземат одговорност за точноста на изнесените тврдења, рече министерката за енергетика Сања Божиновска на седница на собранието на која се расправа за нејзината интерпелација поднесена од партијата Левица.
Таа ги повика пратениците да ја оценуваат одговорноста врз основа на законските надлежности, документите и конкретните одлуки и да не ја прифатат интерпелацијата.
-Не може политичкото несогласување да се прогласи за незаконитост. Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот. И не може обвинувањето да стане факт само затоа што е напишано во интерпелација – рече Божиновска.
Таа, сепак, рече дека со внимание ќе ги следи дискусиите на пратениците за да извлече добри насоки во работењето.
Левица смета дека министерката Божиновска во својот досегашен двегодишен мандат докажала дека нема ниту стручен капацитет, ниту политичка волја да застане во одбрана на државниот интерес, а нејзиното работење е директна закана за енергетската безбедност, финансискиот буџет и еколошкото здравје на Македонија.
– Министерството кое беше формирано со ветување дека ќе стави ред во енергетскиот систем, по две години не понуди решение за ниту еден од неговите клучни проблеми. Политичката одговорност на министерката не може да се сведе на формалните ингеренции на Министерството, туку подразбира предлагање политики, предупредување за системските ризици и координација во рамките на Владата – рече пратеникот Амар Мециновиќ кој ја образложи потребата од интерпелација.
Тој зборуваше за долговите на ЕСМ, привилегираниот однос кон ЕВН, нереализираните проекти кои чекаат со години и распродолжбата на минералните ресурси на државата.
Мециновиќ рече и дека интерпелацијата не се однесува само на работата на министерката, туку на целокупната енергетска политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како и на нејзиниот однос, како што рече, кон државната сопственост, енергетскиот суверенитет и јавниот интерес.
Божиновска одговори на обвинувањата за управувањето со енергетскиот сектор, цената на електричната енергија и користењето на минералните суровини.
Осврнувајќи се на критиките за состојбите во електроенергетскиот сектор, таа направи разграничување меѓу надлежностите на министерството и работењето на енергетските компании и регулаторните институции.
„Енергетската политика, сигурноста на снабдувањето, рударството и минералните суровини се нашите обврски. За ЕСМ – тоа е акционерско друштво, а министерството не води набавки, ниту склучува комерцијални договори. За МЕПСО има законски граници. РКЕ има јасно определена улога, тоа е независно тело“ – рече Божиновска.
Таа се осврна и на начинот на избор на членовите на Регулаторната комисија за енергетика, нагласувајќи ја улогата на пратениците во тој процес.
Зборувајќи за цената на електричната енергија, Божиновска ја образложи политиката за заштита на домаќинствата од ценовни шокови. Според нејзиното обраќање, цената по која ЕСМ обезбедува енергија за универзалното снабдување е дел од јавната политика за достапност на струјата за граѓаните
Во продолжение на собраниското обраќање, министерката зборуваше за Законот за енергетика, енергетската стратегија, гасните поврзувања со регионот и поврзувањето со електроенергетските системикако и инвестициите во секторот кои ја доближуваат земјата до европските текови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
