Кошничка составена од 18 прехранбени производи во Македонија чини 43,90 евра, што ја става земјата меѓу најевтините во Европа според споредбата што ја објави Euronews Business . Просечната цена на истата кошничка во Европската Унија изнесува 69,84 евра, додека во Швајцарија достигнува 137,90 евра.
Медиумот во пресметките ги користи цените од платформата Numbeo за октомври за производите од категоријата „Markets“. Од 19 ставки биле земени 18 – без цигарите – и секоја била вклучена по еднаш, без пондерирање според нејзиното реално учество во домашната потрошувачка.
Најниска вредност има кошничката има во Молдавија од 41,10 евра. Следува Македонија со 43,90 евра, а под границата од 50 евра се и Косово со 45,50 евра, Романија со 45,90 евра, Грузија со 46,90 евра, Полска со 49,60 евра, Србија со 49,70 евра и Црна Гора и Босна и Херцеговина со по 49,80 евра.
Највисока вредност, пак, на кошничката има Швајцарија со 137,90 евра. Во Норвешка истата кошничка чини 116,10 евра, во Луксембург 99 евра, во Австрија 88,10 евра, а во Данска 87,70 евра. Разликата меѓу Молдавија и Швајцарија е поголема од трипати.
Речиси идентична е состојбата и поширокиот индекс на цените на прехранбените производи.
Euronews ги приспособил податоците на Numbeo така што просекот на ЕУ е поставен на 100. За да се илустрира јазот, кошничка што чини 100 евра по просечни цени на ЕУ би чинела 189,20 евра во Швајцарија и 57,20 евра во Молдавија, врз основа на индексот. Индексот на Numbeo го зема Њујорк како основа на 100. Euronews
Според таа пресметка, Македонија има индекс од 59,8. Тоа значи дека цени на продуктите од кошничката се околу 40% под европскиот просек.
Швајцарија е со индекс од 189,2, Исланд (183,6), Норвешка (154,4), Луксембург (134,9), а Данска (128,4). Во Европска Унија најниско е позиционирана Романија со индекс од 66,7.
Иларија Бенедети, вонреден професор на Универзитетот во Тоскана, истакна дека иако цените на храната се пониски од просекот на ЕУ во некои земји, домаќинствата трошат поголем дел од својот буџет за храна. На пример, намирниците се поевтини во Романија, но домаќинствата трошат 23,1% од своите буџети за храна и безалкохолни пијалаци. Овој удел е исто така над 20% во Бугарија.
Во Македонија само за храна и пијалаци во октомвриската синдикална кошничка беа пресметани 26.170 денари или 37,2% од вкупниот износ.
-Пониските цени не мора да значат поголема прифатливост – вели проф. Јеремиас Мате Балог од Универзитетот Корвинус.
Укажувајќи на разликите во платите и куповната моќ, тој нагласува дека намирниците можат да бидат поевтини во апсолутна смисла, но помалку прифатливи во однос на она што луѓето го заработуваат по оданочувањето. Во нивната цена влегуваат трудот, енергијата, горивото, транспортот, кириите, даноците, логистиката, продуктивноста во земјоделството и структурата на малопродажниот пазар.
Tagged as:
МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈЕВТИНА ХРАНА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
