Background

УЈП започна со проверки на приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година, врз основа на податоци добиени од банките

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со проверки на приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година, врз основа на податоци добиени од банките.

УЈП информира дека дел  од граѓаните веќе добиле известувања со рок за исполнување на даночните обврски и доколку обврските не бидат исполнети доброволно, Управата ќе преземе мерки во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот.

Оттаму потсетуваат дека не секој прилив од странство подлежи на оданочување и дека добивањето известување не значи автоматски дека лицето должи данок.

- Advertisement -
Ad image

Обврската за пријавување се однесува на доход од странство што е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход. Тука спаѓаат плати, хонорари, приходи од фриленс и интелектуални услуги, издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking.com, капитални добивки од продажба на имот, криптовалути и хартии од вредност, дивиденди, камати, авторски права и добивки од игри на среќа.

Од друга страна, парите добиени како подарок, семејна поддршка или позајмица не претставуваат автоматски оданочлив доход. Истото важи и за трансферите преку Western Union, Ria, MoneyGram и слични сервиси, бидејќи начинот на кој се испратени парите сам по себе не ја определува даночната обврска.

Од  УЈП појаснуваат дека даночниот третман зависи од вистинскиот основ на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување согласно законските одредби.

Граѓаните, велат оттаму, треба да располагаат со соодветни докази за потеклото и основот на средствата што ги примиле од странство.

УЈП апелира сите што оствариле приливи од странство да проверат дали имаат даночна обврска и, доколку е потребно, да поднесат електронска пресметка за аконтација на данокот на личен доход (е-ППД) и да го платат утврдениот износ.

Информации за постапката на пријавување, плаќањето и примената на договорите за избегнување двојно оданочување, граѓаните можат да добијат на официјалната веб-страница на УЈП и системот за електронски даночни услуги.

Дополнителни информации се достапни на електронската адреса info@ujp.gov.mk, на бесплатниот телефонски број 0800 33 000 од фиксна линија и на 02 3253 200 од мобилен телефон, како и во канцелариите на Управата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖