Background

МАЈКРОСОФТ РАЗВИ ВИ-ДОКТОР ШТО ДИЈАГНОСТИЦИРА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Истражувачи на Мајкрософт развиле систем со вештачка интелигенција (ВИ) кој поставува прашања, бара соодветни медицински тестови и постепено доаѓа до дијагноза, слично на начинот на кој работат лекарите. Во тестирањата, системот бил повеќе од двојно попрецизен од лекарите општа медицина при решавање сложени медицински случаи, покажува студија објавена во научното списание „Science“.

Системот, наречен MAI-DxO, не се обидува веднаш да даде конечна дијагноза врз основа на сите достапни податоци. Наместо тоа, тој го организира процесот во повеќе чекори: одлучува кои прашања треба да му ги постави на пациентот, кои наоди од физичкиот преглед се важни и кои лабораториски или други испитувања треба да се направат.

Во неговото функционирање клучна улога има координативен систем што симулира тим од клинички експерти. Тие разгледуваат можни дијагнози, предлагаат дополнителни прашања и тестови и ги преиспитуваат претпоставките кога ќе пристигнат нови резултати.

- Advertisement -
Ad image

Постојните модели на ВИ за медицинска примена најчесто ги анализираат симптомите, лабораториските резултати и снимките како целина, а потоа предлагаат дијагноза. Новиот пристап се обидува да го имитира постепеното клиничко расудување, при што секоја нова информација влијае врз следниот чекор.

Во тестирањето биле опфатени 304 сложени медицински случаи објавени во „The New England Journal of Medicine“, како и 325 случаи од базата на податоци за приеми во одделенијата за итна медицинска помош MIMIC-IV-ED.

Кај сложените случаи, системот постигнал дијагностичка точност од околу 83 отсто. Лекарите општа медицина постигнале околу 36 отсто кога имале пристап до стручна литература и интернет, односно околу 22 отсто без тие помагала. Кај случаите од итните одделенија, системот постигнал точност од околу 80 отсто, наспроти приближно 47 отсто кај лекарите.

Истражувачите ја оценувале и цената на дијагностичките постапки. Според нивните резултати, системот можел да стигне до точна дијагноза со поекономичен избор на тестови, зависно од поставените ограничувања на трошоците.

Сепак, резултатите не значат дека вештачката интелигенција може да ги замени лекарите. Тестирањата биле спроведени врз медицински случаи во контролирани услови, а споредбата била со поединечни лекари општа медицина, а не со специјалисти или мултидисциплинарни медицински тимови. Потребни се дополнителни испитувања за да се утврди колку успешно системот би функционирал во секојдневната клиничка практика.

Мајкрософт најавува дека следниот чекор е тестирање на технологијата во реални здравствени услови, во соработка со медицинскиот центар „Beth Israel Deaconess“ во Бостон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖