Background

Грција ги забранува социјалните мрежи за деца под 15 години

Во петокот, грчкиот парламент усвои закон со кој им се забранува на децата помлади од 15 години да користат платформи за социјални медиуми, поради зголемената загриженост за влијанието што овие платформи го имаат врз здравјето и безбедноста на малолетниците.

Забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година, пренесува Ројтерс.

Минатата година, Австралија стана првата земја што донесе закон со кој се ограничува употребата на социјалните мрежи од страна на малолетници. Сличен закон, усвоен во Франција, беше поништен од Уставниот совет на земјата во август.

- Advertisement -
Ad image

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека платформите за социјални медиуми имаат рок од два и пол месеци да осмислат метод за проверка на возраста на корисниците, притоа штитејќи ја нивната приватност.

Грција е една од седумте земји-членки на Европската унија кои моментално работат со Европската комисија на изнаоѓање решение за проверка на возраста на корисниците.

Грција нагласува дека им дава поддршка на родителите во нивните напори да го ограничат „бесконечното лизгање“ (infinite scrolling) – практика што им го одзема сонот на децата, ја нарушува нивната концентрација и го намалува времето што го поминуваат со пријателите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖