Background

Израелската војска уби Палестинец по напад во близина на Хеброн; Нетанјаху го затвора Западниот Брег

Израелската војска уби двајца Палестинци на окупираниот Западен Брег, кои претходно ранија петмина Израелци за време на пукање во близина на Хеброн. По нападот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди затворање на Западниот Брег и ги откажа сите политички настани на неговата партија „Ликуд“ закажани за денес, во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат во вторник.

Израелската војска денес соопшти дека војниците утринава убиле двајца „терористи“ по вооружен напад во близина на Хеброн, а во моментов продолжуваат со претрес на теренот во потрага по евентуални други напаѓачи. Инцидентот се случил на контролен пункт, на крстосница во близина на палестинскиот град Хеброн, каде што, според новинар на француската новинска агенција АФП, дошло до размена на оган меѓу двајца Палестинци и израелски војници.

Според службите за итна помош, во нападот се ранети пет лица, од кои двајца се во критична состојба.

- Advertisement -
Ad image

Премиерот Бенјамин Нетанјаху – кој се соочува со неизвесна трка за нов мандат на изборите на 27 октомври – во својата изјава ја пофали храброста на војската, истакнувајќи дека тие спречиле „терористички напад од големи размери“. Тој наведе дека ѝ наредил на војската „да постави кордон околу градот Хеброн и, почнувајќи од денес, да се подготви за целосно затворање на целиот Западен Брег“.

Израелскиот весник „Џерусалем пост“ претходно објави дека, по нападот, војската го блокирала градот Хеброн и неколку околни села. Израелски војници во близина на Хеброн.
Ејал Замир, началник на Генералштабот на израелската војска, нагласи дека станува збор за сериозен напад врз цивили и дека само брзата реакција на војската спречила дополнителни жртви. Според него, во возилото на напаѓачите била пронајдена „голема количина муниција, наменета за напад од поголеми размери“, пренесува „Џерусалем пост“. По нападот, израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир – чија популарност расте според предизборните анкети – повика на распуштање на Палестинската самоуправа со седиште во Рамала, иако нема докази за нејзина вмешаност во нападот. „Палестинската самоуправа мора да биде распуштена и демилитаризирана, а нејзината терористичка инфраструктура целосно уништена“, изјави тој.

Главниот изборен ривал на Нетанјаху, поранешниот началник на израелската војска Гади Ајзенкот, ја пофали реакцијата на војската и им посака брзо закрепнување на повредените.

Од друга страна, Хамас го поздрави нападот како „исклучително херојска операција“, опишувајќи го како „природен и легитимен одговор на тековните злосторства и брутални напади врз нашиот народ“.

Нападот се случи во време на ескалација на тензиите на оваа окупирана палестинска територија, поттикнати од нападите што ги извршија екстремистички израелски доселеници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖