Украинската енергетска компанија ДТЕК (DTEK) денеска соопшти дека една од нејзините термоелектрани претрпела значителни оштетувања за време на руските напади, поради што постројката морала да го запре производството на електрична енергија.
Руските сили извршиле масовен напад врз една од термоелектраните, што довело до прекин на производството на електрична енергија, наведуваат од компанијата, додавајќи дека опремата во постројката претрпела сериозни оштетувања, пренесува „Укринформ“.
Од компанијата истакнаа дека нивните термоелектрани биле цел на напади повеќе од 230 пати од почетокот на руската инвазија врз Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
