Тринаесет лица загинаа, а 34 се повредени откако тежок товарен камион се судри со туристички автобус западно од египетската престолнина Каиро, објавија државните медиуми.
Египетскиот весник „Ал Ахрам“ објави дека судирот се случил на патот Каиро–Асиут, во областа на Западната Пустина, кај 55. километар од патниот правец, пред приклучувањето кон регионалниот пат во насока на Гиза.
Според извештаите на локалните медиуми, ударот бил силен, при што предниот дел од автобусот бил целосно уништен, а остатоци од возилото и седишта биле расфрлани покрај патот. На местото на несреќата биле испратени полициски и спасувачки екипи, а со помош на кран се отстранувале остатоците од автобусот.
Повредените биле пренесени во болници за укажување лекарска помош, а дел од нив биле префрлени во други здравствени установи поради сериозноста на повредите.
Надлежните служби започнале истрага за утврдување на причините за несреќата. Засега нема официјална потврда за точните околности што довеле до судирот.
Tagged as:
13 МРТВИ 34 ПОВРЕДНИ СТРАОТЕН СУДИР НА КАМИОН И ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
