Сахара Реј, манекенката која привлече меѓународно внимание откако беше поврзана со пејачот Џастин Бибер, почина на 34-годишна возраст. Нејзиното семејство ја потврдило веста за TMZ, откривајќи дека таа починала во болница, опкружена со најблиските.
– Почина синоќа, опкружена со семејството во болница. Беше многу сакана – соопштило семејството.
Веста доаѓа само девет месеци откако Реј го доби своето прво дете, ќерката Сноу. На 19 јули, во својата последна објава на Инстаграм, таа сподели неколку фотографии од девојчето и напиша: Целиот мој свет, бебе Сноу.
Реј ја документираше бременоста на социјалните мрежи, а во јануари објави дека се подготвува за породување. Идентитетот на таткото на девојчето не го откри јавно.
Во 2024 година, Реј откри дека ѝ бил дијагностициран Гилен-Бареов синдром, ретко невролошко нарушување при кое имунолошкиот систем ги напаѓа периферните нерви. Дијагнозата следувала по тешка сообраќајна несреќа во која, според нејзините тогашни изјави, била удрена од возач за кого се тврдеше дека возел под дејство на алкохол.
Во видео објавено на социјалните мрежи, манекенката раскажа дека не може да оди и дека парализата ја зафатила од горниот дел на бутовите до стапалата. Во тој период користела инвалидска количка и помагало за одење.
– Искрено, дури и не знам од каде да почнам со ова видео. Преплавена сум од сè што ми се случува – рекла таа, опишувајќи колку нагло ѝ се променил животот.
Реј споделувала и делови од рехабилитацијата, надевајќи се дека повторно ќе ја врати подвижноста. Засега нема официјална информација дека нејзината претходна дијагноза е поврзана со смртта.
Според „Дејли мејл“, кој се повикува на извор близок до манекенката, таа во петокот вечерта, на 16 октомври, се предозирала со фентанил, по што била итно пренесена во болница во Лос Анџелес и приклучена на апарати за одржување во живот. Нејзиното семејство наводно во неделата донело тешка одлука да се прекинат мерките за одржување во живот. Информацијата за предозирањето ја пренесоа и „Пејџ сикс“ и други медиуми, но официјална потврда за причината за смртта нема.
Сахара Реј е родена во Австралија, а е ќерка на познатиот австралиски сурфер Тони Реј. Детството го поминала меѓу Австралија, Калифорнија и Хаваи, каде што често патувала со татко ѝ.
Подоцна се преселила во Лос Анџелес, каде што се занимавала со манекенство и мода. Основала сопствен бренд за костими за капење, „Sahara Ray Swim“, а благодарение на фотографиите и видеата на социјалните мрежи стекна голем број следбеници.
Во 2016 година се најде во центарот на вниманието откако беше фотографирана со Џастин Бибер за време на неговиот одмор на Хаваи. Фотографиите на кои двајцата се забавуваат во морето предизвикаа голем интерес во светските медиуми, а Реј почна да се поврзува со канадската поп-ѕвезда. Претходно медиумите ја поврзуваа и со австралискиот пејач Коди Симпсон.
По веста за нејзината смрт, пријателите и следбениците почнаа да објавуваат спомени и пораки за сочувство. Нејзината пријателка Беки Хирн сподели фотографии со Реј и ја опиша како личност со големо срце.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
