Background

СДСМ: 🚨 Арамија Мицкоски, што е со 5 тони дрога❓ Што е со 100 тони што ги заплени пред камери❓

🚨 Арамија Мицкоски, што е со 5 тони дрога❓ Што е со 100 тони што ги заплени пред камери❓
⏳ Месеци поминаа. Нема ниту збор. Ниту име. Ниту одговор а нема ниту одговорни.
🚛 Пет тони марихуана поминаа преку граница, од Македонија, преку Табановце, и завршија во селото Коњух кај Крушевац, кај сестринската СНС.
При апсењето кажаа дека е од Бата Гашиќ – министер за одбрана, претходно министер за полиција и директор на БИА.
🤐 Од тогаш до денес молк од арамијата Мицкоски и од ВМРО-ОКГ.
Во Србија, менторот Вучиќ, по заплената, смени 15 полициски раководители. Началникот на службата за борба против дрога преместен. Заменик исто. Полицајци пишуваат дека службата се уништува од следниот ден по заплената. Притисоци. Прераспоредувања.
Во Македонија ништо. Тошковски единствено се занимаваше со хиперхлорирање.
❓ Нема одговор како поминаа 5 тони покрај Safe City, покрај полиција, покрај царина.
Член на ВМРО-ОКГ, пријател на Мицкоски, Симе, кој беше уапсен со голема сума пари, оружје и дрога, по заплената на петте тони е пуштен на слобода.
Симе, човекот со криминално досие на фотографии со Мицкоски, кој пука со калашников и го цитира Шешељ со руско знаме во позадина, не е во затвор, туку, според наводите, купува гласови во Брвеница и им се заканува на граѓаните.
📹 Арамијата заплени „100 тони“ пред камери и зборува за „марихуана економија“ што ја нема. А 5 тони што поминаа преку граница кон сестринската СНС остануваат без име, без одговорност.
🎬 Филмски акции за медиуми. Молк за реалниот товар и скандал.
📢 СДСМ бара одговор. Кој ја пушти дрогата преку границата? Кој ја заштити мрежата? Зошто арамијата зборува за марихуана економија кога неговата банда ја држи границата отворена за сестринската СНС?
Затоа организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски не сакаат во ЕУ.
⚖️ Обврска на кандидатите е соработка со европското обвинителство.
Затоа намерни конфликти. Затоа организирана анти-ЕУ пропаганда.
🇲🇰 Македонија нема алтернатива. ЕУ е патот за подобар животен стандард, поголеми плати и пензии.
🌾 Поголем пазар за земјоделците. Шанса за младите да останат во својата земја со достоинствени плати и работи.
⛔ Сè ова е блокирано заради Мицкоски и неговата банда, нивниот личен интерес и богатење на сметка на народот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖