Background

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

-Приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност. Во таа насока планираме да продолжиме и кога станува збор за електрична енергија. Кога станува збор за електричната енергија, се бориме да остане цената иста, да немаме зголемување. Тоа, впрочем, го правиме во три регулаторни периоди – рече  Мицкоски.

Во однос на формирањето на цената на струјата, премиерот нагласи дека ЕСМ не е единствената компанија чии трошоци и одлуки влијаат врз конечната цена. Тој ги посочи и операторот и дистрибутерот на електрична енергија, додавајќи дека треба да се земат предвид и нивните барања.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски не откри дали ЕСМ ќе понуди цена пониска од сегашните 65 евра или таа ќе биде повисока, но рече дека целта на Владата е таа да остане непроменета.

– Во овие услови какви што се денеска на берзите, и 65 е трипати пониска од таа што ја плаќаат во соседството и граѓаните во Европа. Ќе се бориме да остане истата цена за граѓаните – рече премиерот.

Постапката за утврдување на новата цена треба да се спроведе пред Регулаторната комисија за енергетика, која ќе ги разгледа поднесените барања и трошоците на компаниите вклучени во снабдувањето со електрична енергија.

– Од 1 јануари да почекаме што ќе кажат енергетските компании, па ќе видиме. Јас не можам да ја прејудицирам одлуката на Регулаторната комисија – рече премиерот.

Мицкоски додаде дека не се планираат измени во тарифните блокови за електрична енергија.

Тој оцени дека цените на енергенсите во Европа и регионот бележат високи нивоа, посочувајќи дека во некои европски земји дизелот и безоловниот бензин чинат повеќе од три евра за литар, додека во Македонија цената е под 1,6 евра.

– Приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност. Ние тоа го правиме во услови на најголема енергетска криза во светот која што човештвото ја памети. Секаде во регионот и во Европа цените на енергенсите пробиваат рекорди. Веќе имаме држави во Европа каде што цената на дизелот и безоловниот е поголема од 3 евра по литар. Ние сè уште сме под 1,6 евра по литар, благодарение на политиките на Владата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖