Background

ОЈО ПОВЕДЕ ИСТРАГА ПРОТИВ 20-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица, осомничен за повеќе кривични дела поврзани со компјутерски криминал, злоупотреба на лични податоци и недозволена експлицитна содржина со деца. За него е побаран притвор поради опасност од бегство и можност да продолжи со вршење кривични дела.

Станува збор за Е. А., кого Министерството за внатрешни работи го поврза со администрирањето на нелегалниот онлајн пазар ОЛВХ (OLVX). По акцијата, во која учествувало и американското Федерално истражно биро (ФБИ), американската агенција ѝ честиташе на македонската полиција за апсењето, наведувајќи дека платформата ја загрозувала дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани.

Според Основното јавно обвинителство Тетово, повеќемесечните предистражни дејствија, координирани од јавен обвинител, обезбедиле докази што упатуваат на основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело „Компјутерска измама“ од член 251-б од Кривичниот законик.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителството сомничи дека во периодот од 2025 до 2026 година, 20-годишникот администрирал нелегална онлајн група на апликацијата „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

Тој е осомничен и за „Злоупотреба на лични податоци“ од член 149 од Кривичниот законик. Според обвинителството, делото било поврзано со администрирање домени и веб-страници на платформата ОЛВХ, која функционирала како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела.

Корисници на платформата биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и податоци за пристап до кориснички сметки. Во периодот на нејзиното функционирање биле понудени повеќе од 1.500 украдени пристапни податоци што им припаѓале на физички и правни лица.

Во рамките на истрагата, врз основа на судска наредба обезбедена по барање на јавниот обвинител, бил извршен претрес кај осомничениот. Притоа биле одземени два мобилни телефони.

При проверката на еден од телефоните, во скриена папка биле пронајдени вкупно 29 видеоснимки со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца, соопшти обвинителството.

Поради тоа, на 20-годишникот му се става на товар и кривичното дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193-а од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор. Како причини се наведени ризикот од бегство и опасноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела.

Американското Федерално истражно биро ја поздрави акцијата на македонската полиција против администраторот на платформата ОЛВХ.

„ФБИ им честита на нашите партнери од единицата за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Северна Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, за успешното апсење на администраторот на криминалната платформа ОЛВХ“, се наведува во објавата на американското биро.

Според ФБИ, платформата била активна од 2023 до 2025 година. Преку повеќе од 1.500 сметки, според наводите на агенцијата, незаконски се продавале лични податоци на жртви и податоци за најава на нивните кориснички сметки.

„Постоењето на оваа платформа директно ја загрозуваше дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани кои се потпираат на сигурноста на сметките што ги користат“, наведува ФБИ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖