Неколку лидери од Европската унија денеска изразија поддршка за украинската стратегија за напади врз руските рафинерии, и покрај критиките од американскиот претседател Доналд Трамп.
– Колку побрзо сите руски рафинерии и капацитетот за продажба на енергенси бидат разнесени во парчиња, толку подобро – изјави естонскиот премиер Кристен Михал, при пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за „Фајненшел тајмс“ најави нови напади врз руските нафтени рафинерии. Ова доаѓа и покрај повикот на Трамп да се прекинат нападите врз енергетските постројки. Американскиот претседател ја смета војната во Украина за причина за порастот на цените на дизелот.
Зеленски во повеќе наврати ги критикуваше плановите на Трамп за увоз на дизел од Русија, со цел да се намалат рекордно високите цени на горивата, а за возврат да се олеснат санкциите кон Москва.
– Доколку Украина престане со нападите врз руската енергетска инфраструктура, додека Русија продолжува да ја напаѓа украинската инфраструктура, тоа би довело до колапс во оваа војна – рече летонскиот претседател Гитанас Науседа.
Холандскиот премиер Роб Јетен рече дека стојат рамо до рамо со Украинците, „а тие мора да направат сè што е потребно за да го заштитат украинскиот народ“.
Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас рече дека најголемиот дел од средствата со кои Русија ја финансира војната доаѓаат од приходите од нафта.
– Украина сака оваа војна да заврши, а прекинувањето на финансирањето на војната е начинот како тоа да се постигне – рече таа.
Се очекува Зеленски во петок да им се придружи на лидерите на ЕУ на дискусија за одбранбените потреби на Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
